Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Мицкоски: Хемотерапиите биле давани на пациентите во торбиче, а Клиниката за онкологија фактурирала како да им дале терапија на Клиниката
Македонија

Мицкоски: Хемотерапиите биле давани на пациентите во торбиче, а Клиниката за онкологија фактурирала како да им дале терапија на Клиниката

02/11/2023

AA

Вториот фрапантен заклучок. На одделенијата за лежечки пациенти, во амбулантските дневници медицинскиот персонал го запишува и остатокот од некои вијали, вијала е пакување, дека е издаден даден на соодветниот и друг пациент, со цел да се заштеди вишокот на лекот, но нема писмен траг, интерна книга, дали се фрла или кому се дадени за да се доискористи лекот од вијалата, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната прес конференција говорејќи за како што посочи еден од двата фрапантни заклучоци во Извештајот од извршената вонредна финансиска контрола на условниот надоместок во Клиниката за радиотерапија и онкологија.

„Преку пример, треба ад се аплицира лекот на пациент, вијалата е 100 единици, дозата која што треба да ја добие пациентот е 50 единици, тие 50 единици се аплицираат, но останатите 50 единици никој не знае, ниту имаат некаква трага каде завршуваат и дали некаде воопшто завршуваат. И ова е така со години правено, бидејќи нема никаква контрола. На тој начин директно со милиони, стотици милиони се оштетуваат македонските граѓани. Овој документ што го имам е извештај од специјалист, односно субспецијалист, каде што во наодот вели дека на барање на пациентот терапијата ќе се аплицира во друга медицинска установа на онколошко одделение“, рече Мицкоски.

Мицкоски додаде „со други зборови, доаѓа пациентот кој што треба да добие терапија, на Клиниката во торбичка му ја даваат терапијата и потоа пациентот оди да ја аплицира таа терапија“.

„Вистинското прашање е дали имаме повратен одговор каде е аплицирана таа терапија и дали навистина таа терапија е аплицирана“, кажа Мицкоски.

Мицкоски укажа дека исто така останува непозната дилемата дали самата Клиника имала интерна процедура или протокол за издавање на лекови согласно членот 8 од Законот за евиденции од областа на здравството имајќи предвид дека секои од овие лекови за да се пренесе од точка А до точка Б треба да има и соодветен термички третман.

„Во еден од договорите стои дека лекот не смее да биде во средина каде температурата ќе биде помала од 2 степени целзусови, поголема од 8 степени целзусови. Дали ова организиран шверц и дали е ова начинот на кој се испумпувани милиони од буџетот на грбот на граѓаните во Македонија? Понатаму зошто никој не го отвори прашањето која е цената по која украл односно универзитетската клиника за радиологија и Онкологија ги наплаќа своите услуги од фондот за здравство и која е цената која пациентите ја плаќаат за аплицирање на овие лекови во други здравствени установи, дали е тоа двојна наплата? Дали не сите граѓани имаат право на живот“, праша Мицкоски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy