Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ХРВАТСКИ МИНИСТЕР ИМ ОДБРУСИ НА ПЕКАРИТЕ: Нема никаква причина за зголемување на цената на лебот
Економија

ХРВАТСКИ МИНИСТЕР ИМ ОДБРУСИ НА ПЕКАРИТЕ: Нема никаква причина за зголемување на цената на лебот

02/11/2023

AA

Министерот за економија и одржлив развој на Хрватска Давор Филиповиќ денеска изјави дека нема оправдана причина за покачување на цените на кој било производ.

На новинарско прашање како ја коментира најавата на некои пекари во таа земја дека ќе ги поскапат лебот и пекарските производи, Филиповиќ одговори дека нема намера да дебатира со пекарите и дека нема оправдана причина за поскапување.

„Не мислам да дебатирам со пекарите. Реков дека нема оправдана причина за поскапување на кој било производ“, рече Филиповиќ одговарајќи на новинарски прашања.

Тој повтори дека Хрватска има тренд на забавување на инфлацијата, која е на најниско ниво од јануари 2021 година.

Кога ќе се погледне структурата на инфлацијата, може да се забележи пад на цените на прехранбените производи и енергијата, рече тој.

Ова, како што рече, е резултат на владините мерки за ограничување на цената на енергенсите и затоа, посочи, нема оправдана причина за поскапување.

Прашан дали Владата ќе ги повлече субвенциите доколку поскапе лебот, тој рече дека владиниот пакет мерки трае до 31 март 2024 година, а потоа ќе се види што ќе се преземе.

„Прашањето дали некој сака да ја зголеми цената на нешто е прашање за тие луѓе“, рече тој.

Пословни.хр

Фото: Фејсбук

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

86 годишен татко и неговиот 60 годишен син од Гостивар

12/08/2026
Македонија

Прогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази

12/08/2026
Македонија

Доаѓа невреме во Македонија проследено со пороен дожд, грмежи и

12/08/2026
Македонија

Рударите заработуваат над 1.000 евра, но Македонија има сè помалку

12/08/2026
Македонија

Градежни вештаци денеска пред судот за трагедијата „Пулс“

12/08/2026
Македонија

Се трага по Љупчо Стојановски, апел за помош

11/08/2026
Македонија

Песна генерирана со AI над 100 пати била емитувана минатата

11/08/2026
Македонија

Кои затвореници беа помилувани од претседателката за „Илинден“?

11/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44975
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

86 годишен татко и неговиот 60 годишен син од Гостивар приведени откако се обиделе да

12/08/2026

Полициски службеници во Гостивар вчера околу 13:30 часот го лишиле од слобода 86-годишниот Т.С. и неговиот 60-годишен син М.С. од

Прогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази Баба и Бутел

12/08/2026

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) и Центарот за јавно здравје Скопје официјално прогласија епидемија на Западнонилска треска во повеќе општини

Доаѓа невреме во Македонија проследено со пороен дожд, грмежи и локално невреме

12/08/2026

Утре и во петок наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy