Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Мицкоски: Филипче не прецизираше за кој дом се грижат, за хациендите или за јахтите на Халкидики
Македонија

Мицкоски: Филипче не прецизираше за кој дом се грижат, за хациендите или за јахтите на Халкидики

01/10/2025

AA

Нема поголемо задоволство од тоа да се биде меѓу народот, кого не си го разочарал. А јас меѓу вас одам со крената глава, затоа што, заедно со вас, ги водевме и ги водиме сите битки за подобра иднина на нашата татковина. И еве нè повторно пред уште еден предизвик, пред уште едни избори на кои се одлучува за правецот по кој ќе се движиме. И кога се наближува денот, човек има многу избори за кои може да се одлучи, но само еден е вистинскиот. Овој пат тој избор е лесно препознатлив; разликата со нашите противници е очигледна, но многу е важно тој избор да биде силен и одлучен. Затоа што јасната волја нема да значи само одлука за твоето место, за твоето маало, вашиот град; за улиците по кои чекорите, за маалата и местата каде се сите ваши важни животни случки, туку и испраќате порака за тоа во каква Македонија сакате да живеете, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешниот митинг во општина Кавадарци.

Мицкоски нагласи дека никој од ВМРО-ДПМНЕ нема златна или било каква виза за Дубаи, не возат мотори по јужниот сосед, ниту пак коленичат пред источниот сосед.

„За разлика од нашиот противник, ние немаме златна, ниту било каква виза за Дубаи, не возиме мотори по јужниот сосед, не клечиме пред Софија, затоа што ние резервна татковина немаме. А тие, пак, првиот ден кажаа дека немало да водат негативна кампања, а вториот ден, на телевизија, пуштија негативни спотови – сечени, извадени од контекст реченици – само за да направат пометња, само за да излажат со намера да не се гледа она што од Марс е видливо – дека СДСМ не се менува и дека е во тотална безидејност. Еден мој соработник ми вели: „Претседателе, овие започнаа негативна кампања и црни спотови од првиот ден.“ Јас му велам: „А замисли тоа да не го пуштеа – што ќе кажеа? Ниту програма, ниту идеи, ниту развој ги интересира“, вели Мицкоски и додаде:

„А, од друга страна, еден аналитичар ми вели: „Да не сте им инфилтрирале некој вмровец во кампањата на Венко?“ Му велам: „Зошто така мислиш?“ „Па види, Филипче… Замислете, Филипче почна да зборува за правда во судството, да зборува за патриотизам, црвени линии и сè она што е антипод на нивниот карактер. Откако порано направи предавства на секој чекор. Нивната кампања се состои од злоупотреби на трагични судбини, од гола реторика без докази и аргументи.  Дојде до тоа дереџе што главната кампања им е Кочани – и тоа од човекот кој, поради акутна неспособност, десетици илјади страдаа во ковидот; во државен објект – модуларна болница – 15 живи пациенти изгореа. Но, ова не е начинот на кој јас сакам, и јас ќе ја водам кампањата. Човекот се изгуби во поданичката улога дадена од неговиот шеф Заев. Аман, пазете го детево – забега. Тој не се ни труди да се тргне од неговата сенка, напротив – гордо си ја носи. Некогаш големата партија СДСМ ја сведоа во приватно гранче за одбрана на личните интереси. Го слушам пред некој ден Филипче како кажува дека СДСМ се борат за нивниот дом. Ако за домови мислат на хациендите, на јахтите на кои поминуваат недели, на апартманите во Дубаи каде што престојуваат и се веселат со турбо-фолк пејач(к)и, тогаш е јасен нивниот слоган. Се борат за ова – тогаш од нивната борба народот нема аир, туку зијан. Па уште Филипче вика, слоганот им го прифатило членството со екстаза, а веќе следниот ден нивниот кандидат за една од општините го менува – како да се срами од својата партија. Ете, до тоа дереџе дојде државотворната партија СДСМ – нејзините кандидати да се оградуваат, што јавно, што преку менување на изборните пораки, од ставовите на нејзиниот лидер“, рече Мицкоски.

Мицкоски ја искоментира изјавата на Филипче дека на овие избори настапувале со концепт кој е континуитет на нивните изминати политики, и праша дали има полоши години за Македонија и македонскиот народ од 7 годишното владеење на СДСМ и ДУИ.

„Но, за една работа барем е искрен Филипче: вели дека на овие избори настапуваат со концепт кој е континуитет на нивните политики изминати години. Па има ли полошо години за Македонија како држава и македонскиот народ од 7 годишното владеење на СДСМ и ДУИ, затоа на овој 19 октомви треба масовно да излеземе и да го заокружиме бојот 9 за да им покажеме дека тие се минато, трајно минато на политичката сцена во Македонија“, порача Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски се обрати и до неопределените и оние кои што се двоумат дали да излезат на гласање, и истакна сега сте ни потребни – не само нам, туку на државата, бидејќи вие одлучувате за вашата иднина.

„И затоа сакам да се обратам до неопределените. Сосема разбирам дека секој од нас има очекувања. Вашите можеби се поголеми од тоа што реално можевме да го исполниме овие година и пол централна власт. Но покажавме вредност, истрајност и посветеност да ги менуваме работите. Затекнавме распаднат систем, трули институции и напластени проблеми. Темелите ги градевме овие месеци, полни со ентузијазам и енергија. Надежта не ја загубивме – заедно ја одржавме. Покажавме и резултати. Не паднавме, иако сакаа да нè видат клекнати; работевме за секој еден од вас. И затоа, сега сте ни потребни – не само нам, туку и на државата – бидејќи вие одлучувате за вашата иднина, и овој е тој момент. Сакам да се обратам до оние кои се колебаат или не планираат да гласаат. Така им правите услуга на оние кои сакаат да живеат на грбот на татковината, кои ја сакаат Македонија поделена и разединета. Така директно се охрабруваат оние кои сакаат власт без борба на концепти и програма, кои сакаат повторно тендери и предавства. Затоа, одлучете мудро – излезете и гласајте. Излезете, затоа што ова не се само локални избори, туку тест на заедничката волја за тоа каква Македонија сакаме. Нашиот сон и нашата визија е нашата иднина, која сега ја градиме токму во овој момент.  Дајте ни шанса и сила да ја изградиме Македонија каква што ја заслужува“, кажа Мицкоски.

Мицкоски се обрати и до членовите на СДСМ и кажа дека тој ги почитува чесните и искрени членови, но рече дека таму мора да има реформи и собир на искусни и млади за кој рече дека постојат, но се маргинализирани од мала група кој ја приватизираат партијата.

„Сакам да се обратам и до членовите на СДСМ. Јас имам почит кон чесните и искрени членови на СДСМ. Тие ѝ посакуваат најдобро на партијата, која сега – никој друг туку ова нивно раководство – ја донесе под биолошкиот минимум. Таму мора да има реформи и да има борба на концепти; да се приберат искусни, но и млади луѓе. И вие добро знаете дека ова раководство е затворен круг кој, наместо да гради иднина, штити бизнис-интереси на неколкумина. Затоа ви подавам рака и ве повикувам да гласате – за иднината на татковината – да излезете и да направите вистински избор, и да ги поддржиме промените во кои мора заеднички да веруваме“, потенцираше Мицкоски.

На крај Мицкоски ги повика кавадарчани да излезат на 19 октомври да гласаат за Митко Јанчев кандидат за градоначалник од Кавадарци од ВМРО-ДПМНЕ и советничката листа.

„Со еден избор продолжуваш напред. Со друг – се враќаш назад. И кога ќе дојде денот на одлука, ќе стоиш со пенкалото во рака, пред ливчето – ќе знаеш дека одговорот го носиш во себе. Го носиш во срцето, во погледот, во душата. Во промената што веќе почна. Во најдоброто што допрва доаѓа. Затоа, за себе, за твоите најблиски, за времето што доаѓа – направи го: Вистинскиот избор! Со твојот човек! За твоето место! За твојата иднина! Ние сме таа генерација што нема да се повлече. А идните поколенија, кога ќе погледнат наназад, ќе речат: „Тие беа тие што веруваа, тие беа тие што победија“, дециден е Мицкоски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy