Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ПОЧИНА ТОМЕ ВЛАШЕВСКИ-КУБАТА: Битола се збогува со естрадниот уметник, професор и спортист
Македонија

ПОЧИНА ТОМЕ ВЛАШЕВСКИ-КУБАТА: Битола се збогува со естрадниот уметник, професор и спортист

02/10/2025

AA

Битолската и македонската музичка сцена загубија едно од своите познати имиња, откако денеска почина естрадниот уметник Томе Влашевски, попознат по прекарот Кубата. Роден во Полска во 1959 година, тој од 1964 година живеел и творел во Македонија, оставајќи зад себе повеќедецениска кариера.

Пошироката јавност ќе го памети како музичар кој остави белег во повеќе познати музички состави, почнувајќи од рок групата „Хомо сапиенс“, преку ангажманот во популарната група „Молика“, па сè до „Бон Тон“ и неговата подоцнежна соло кариера.

Освен по музиката, Влашевски во Битола беше познат и како долгогодишен наставник по физичко образование во Основното училиште „Коле Канински“, професија која ја работел во текот на целиот свој работен век по дипломирањето на Факултетот за физичка култура во Скопје. Во младоста, тој бил и успешен спортист, тренирал атлетика и бил првак на Македонија во јуниорска конкуренција.

Дел од својата кариера, Влашевски ја поминал и во медиумите, работејќи неколку години како монтажер и снимател во Тера телевизија.

Посмртните останки ќе бидат изложени утре, 3 октомври, од 9:00 часот во капелата на црквата „Св. Недела“ во Битола, а погребот ќе се одржи во 11:00 часот.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Без договори и 6 месеци без плата: Вработените од Клиниката

05/06/2026
Македонија

Од Давос до Брисел: Светот бара суровини, Македонија останува заглавена

05/06/2026
Македонија

ВИДЕО Јакимовски предупредува: Спорен „руфтоп“ кој беше забранет, повторно се

05/06/2026
Македонија

Силјановска-Давкова: Членството во ЕКОСОК е силна потврда за меѓународниот кредибилитет

05/06/2026
Македонија

Аларм од СВР Штип: Лажни доктори повторно ги мамат пензионерите

05/06/2026
Македонија

Скопјанец готвел во кујна, па паднал и се повредил со

05/06/2026
Македонија

Славески доминантен во рингот: Осма победа за македонскиот „Bare Knuckle“

05/06/2026
Македонија

Клучни 10 минути на снимките за „Пулс“: Обвинителството го мери

05/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43623
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Без договори и 6 месеци без плата: Вработените од Клиниката за детски болести бараат решение

05/06/2026

Протест на вработените Вработените од Клиниката за детски болести, кои од почетокот на годината не примиле плата, излегоа пред Министерството

Од Давос до Брисел: Светот бара суровини, Македонија останува заглавена во старите дебати

05/06/2026

Побарувачката за критични минерали расте со забрзано темпо, а европските земји веќе креираат политики за поголема самостојност во снабдувањето со

ВИДЕО Јакимовски предупредува: Спорен „руфтоп“ кој беше забранет, повторно се користи за масовни забави

05/06/2026

Поранешниот градоначалник на Карпош алармира за безбедносни ризици Поранешниот градоначалник на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, преку социјалните мрежи упати сериозно

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy