Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Мицкоски: Европски фронт ли е да шамараат вработени во М-НАВ?
Македонија

Мицкоски: Европски фронт ли е да шамараат вработени во М-НАВ?

15/01/2024

AA

Сојузници на ВМРО-ДПМНЕ се граѓаните и народот, а политичките партии во процесот на формирање на влада можат да бидат сојузници на ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО-ДПМНЕ е народна партија и како свој сојузник го гледа народот, вели Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју во емисијата Анализа на телевизија 24.

Мицкоски запрашан за европскиот фронт на СДСМ и ДУИ, потенцираше дека не може европски фронт да биде тој кој што влегува во македонска навигација и шамара вработени и го загрозува небото на земја членка на НАТО.
Европски фронт ли е тој што упаѓа во македонска навигација, што шамара вработени и што го загорзува небото на земја членка на НАТО, рече тој.

Во однос на изјавите на Димитар Ковачевски дека влада ќе направи СДСМ, Мицкоски нагласи дека Ковачевски и во минатото и сега кажува многу работи, но не може да се сети која од тие работи излегла точна.

Ковачевски кажал многу работи па ретко можам да се сетам која од тие работи излегла точно. Тие претпоставувам реферираат на онаа алузија која што во јавноста беше позната како СДСМ, ДУИ, Алијанса и сите партии. Да претпоставиме ситуација на 8ми мај дека овој така наречен европски блок чека резултати, и на тие резултати кандидатот за претседател на тој блок губи, победува тој на ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО-ДПМНЕ ги победува овој блок, и ВМРО-ДПМНЕ математички може да направи 61 пратеник со некои други политички партии, што ќе се случи тогаш, праша Мицкоски и додаде:

Опасна е оваа игра која што ја играат затоа што повторно создаваат етничка поларизација. На овој начин етнички се поларизира, од една страна Македонците и останатите, од другата страна небитен политички субјект и Албанците. Ќе бидат поразени, верувајте.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Огнот над Моране сѐ уште активен, наутро жестока офанзива од

12/08/2026
Македонија

ПОЧИНА СРНАКОТ МАРТИН: По долга борба за живот, активистите упатија

12/08/2026
Македонија

Пожарот од Моране: Противпожарните екипи остануваат на терен во текот

12/08/2026
Македонија

Повеќе лица повикани во полиција по ширењето информации за наводна

12/08/2026
Македонија

Пожар го зафати подрачјето кај Манастирски Доленци, се бара помош,

12/08/2026
Македонија

Авантура од 1.974 километри: Иван и Спасе ќе го освојуваат

12/08/2026
Македонија

Општината требало да реагира откако „Пулс“ бил нелегално пренаменет –

12/08/2026
Македонија

Изречена првата казна за напуштање новородени животни: Скопјанец ќе плати

12/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44989
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Огнот над Моране сѐ уште активен, наутро жестока офанзива од земја и воздух

12/08/2026

Пожарот кој изби во општината Студеничани, во близина на местото Рамни Габер, продолжува да гори и во текот на ноќта.

ПОЧИНА СРНАКОТ МАРТИН: По долга борба за живот, активистите упатија апел за итно отворање центар

12/08/2026

По долга и исцрпувачка борба на ветеринарниот тим и активистите, познатиот срнак Мартин денеска подлегна на тешките повреди. Неговата состојба

Пожарот од Моране: Противпожарните екипи остануваат на терен во текот на ноќта

12/08/2026

Пожарот кој се прошири од село Моране зафати дел од подрачјето на село Габер, каде што во текот на денот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy