Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Мицкоски до Ковачевски: Го вовлекуваш семејството во политички невкусни шеги, сигурен сум дека тоа мило момче ќе се срами од ова што неговиот вујко му го прави
Македонија

Мицкоски до Ковачевски: Го вовлекуваш семејството во политички невкусни шеги, сигурен сум дека тоа мило момче ќе се срами од ова што неговиот вујко му го прави

16/03/2023

AA

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска на својот Фејсбук профил истакна дека премиерот Димитар Ковачевски повторно го вовлекува своето семејство во политички невкусни метафори, сакајќи да ме навреди и омаловажи.

„Сигурен сум дека тоа мило момче ќе се срами од ова што неговиот вујко му го прави. Посакувам да порасне во горд и цврст Македонец, спротивно од тоа што денес е неговиот вујко. Да се бори и ја сака својата татковина Македонија и да не го дозволи тоа што денес Димитар Ковачевски и го прави на Македонија.

А што се случува денес во Македонија?

Македонија тоне на листата на корупција на “Транспаренси Интернешенл”, криминалот и корупцијата кои царуваат, немање раст на економијата, двојно повисока инфлација од Еврозоната, осиромашувањето на народот и половина милион што живеат со по 150 денари на ден, мафијашки убиства среде Скопје, палење коли и кафеани, крадење на оружје од полициски депоа, криминалните тендери.

За жал реалноста во Македонија е катастрофална, државата се распаѓа, тоне и е во хаос. Димитар можеби може да си дозволи да купи плејстејшн од бизнисите кои му цветаат, може дури и Али или Артан да ги викне да му купат и 50% од фирмата плејстејшн, и да го израдуваат повеќе, може дури и видео игра да си нарачаат во која ќе се херои, фудбалски ѕвезди, но во реалноста за жал секогаш ќе бидат криминалци во политиката кои гледаат како да се одржат на власт уште десетина месеци за да искрадат уште што може.

Моја лична порака до Димитар Ковачевски:

Другпат пред да кажеш нешто, размисли. Тие околу тебе што те хранат со вакви досетки непромислени, мора да разберат дека имате одговорност и дека животот е реалност, а времето не се враќа назад, лошиот и неинтелигентен хумор зборувај си го со тие малкумина соработници кои ти велат, браво шефе убаво му кажа, веројатно се разбирате добро, но те молам остави го семејството надвор од сето ова не го мешај. Тие се многу поголеми од твојата глупост. Овде сме јас и ти… сами, гради во гради, не го заборавај тоа!“, вели Мицкоски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Мицкоски: Кој најавил дека ќе се укине вториот столб?

31/07/2026
Македонија

Цените на становите уриваат рекорди: Квадрат во Центар достигна 3.360

31/07/2026
Македонија

Не отворајте порака од државниот ревизор: хакери нудат лажни „проекти“

31/07/2026
Македонија

Жештините продолжуваат: Температурите над 40 степени во делови од земјава

31/07/2026
Македонија

Стан во Центар продаден за 168.000 евра: Расте активноста на

31/07/2026
Македонија

Анализите на водата кај Лепенец не покажале надминување на дозволените

31/07/2026
Македонија

Забрана за користење вода за пиење од шест водоснабдителни објекти

31/07/2026
Македонија

Силни резултати во вториот квартал и првата половина од 2026

31/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44787
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Мицкоски: Кој најавил дека ќе се укине вториот столб?

31/07/2026

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека нема најава за укинување на вториот пензиски столб. „Кој најавил дека ќе се укине

Цените на становите уриваат рекорди: Квадрат во Центар достигна 3.360 евра

31/07/2026

Пазарот на недвижности во Македонија продолжува со засилена активност. Во вториот квартал од 2026 година е забележан раст и на

Не отворајте порака од државниот ревизор: хакери нудат лажни „проекти“

31/07/2026

Измамнички пораки се испраќаат од службената електронска адреса на главниот државен ревизор Максим Ацевски, поради пробив во серверот на Државниот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy