
Мицкоски до ДУИ: Исплашени се, свесни се дека голем е криминалот кој што го имаат направено
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска во изјава за медиумите истакна дека ДУИ континуирано си измислувале нови правила.
„Исплашени се, свесни се дека голем е криминалот кој што го имаат направено. Свесни се дека со мене немаат договор како што тоа го имале можеби во претходните години, со тие 9-мина што Али Ахмети ги наведува дека ги сменил од политичката функција и сега дојде денот кога треба да се одговара за сето она што е сторено во изминатите 20 години заедно со измеќарите од СДСМ“, вели Мицкоски
