Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Мицкоски: Јавно да ги соочиме аргументите со Ковачевски за договорот за коридорите
Македонија

Мицкоски: Јавно да ги соочиме аргументите со Ковачевски за договорот за коридорите

08/05/2023

AA

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски соопшти дека Владата ги доставила до Собранието петте предлог-закони со европско знаменце за инфраструктурните проекти во земјава, кои се однесуваат и на коридорите 8 и 10д. Тој ги повика Канцеларијата на Европската комисија и амбасадите на земјите од ЕУ денеска да се произнесат за ова и уште еднаш упати апел до премиерот Димитар Ковачевски да прифати јавна дебата за да ги соочат аргументите околу суштината на договорот за коридорите.

-Јас денеска нема да го коментирам ова. Ќе оставам од Канцеларијата на ЕК тоа да биде искоментирано во текот на денешниот ден. Ако тоа не се случи, од утре ќе отвориме јавна дебата и по ова прашање зашто верзиите што ги видовме, во делот пет, кој вообичаено се користи за објаснување со кои делови од европската регулатива се усогласува законот, во овие предлози е празен. Ја повикувам Канцеларијата на ЕК и амбасадите на заемјите од ЕУ да се произнесат денеска за ова што го направи Владата на ДУИ и СДСМ, истакна Мицкоски, одговорајќи на новинарски прашања по средсбата во Сојузот на стопански комори (ССК).

Мицкоски потсети дека многу пати во изминатиот период го повикувал Ковачевски на дуел.

-Еве, и оваа прилика ја користам, да го повикам да излеземе заедно пред македонската јавност, да дебатираме за суштината на договорите зашто таа суштина ќе биде болна за сите гернации и за оние кои не се родени. Нека не се крие, нека не бега од Македонија, знаеме дека е на подолго патување. Нека се врати, нека дојде, да излеземе пред македонската јавност и да дебатираме. Ако ме убеди и ако ја убеди македонската јавност, тогаш опозицијата манипулира, но ако јас го разубедам, тогаш очекувам да понесе одговорност, потенцира лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој ја повика и јавноста да ја следи состојбата во претстојниот период. -Имаме отсуство на јавна дебата за овие капитални проекти, ќе мораме на ваков начин јавно да дебатираме со Владата, рече Мицкоски.

Во однос на плаќањето пенали, Мицкоски уште еднаш повтори дека Владата до сега не демантирала ниту една информација што беше изнесена од страна на ВМРО-ДПМНЕ за договорот доставен од свиркач.

-Јасно кажавме во кој дел од договорот е содржана обврската дека треба да се исплатат 53 милиони евра ако за 45 дена од потпишувањето на договорот не биде овозможена 60-часовна работна недела. Од Владата не бевме демантирани дека тоа не е вистина. Оние 117 милинои евра кои се веќе исплтаени по основа на подготвителни работи и градилиште требаше да се исплатат во два дела. Првите 87 требаше да се исплатат 14 дена од потпишувањето, а останите 30 по 45 дена од потпишувањето. Тие се исплатија на 47-от ден од потпишувањето што, значи, обврската можеби ќе задоцни, но ќе биде звршена. Дали ќе се исплатат две недели отккао ќе поминат тие 45 дена, не знам, најверојатно не се исплтани, но ако нема 60-часовна работна недела, ќе се исплатат и ќе се продолжи времетраењето на реализацијата на овој проект, нагласи Мицкоски.

На средбата во ССК, како што информира, биле разменети мислења.

-Предупредивме на опасностите од овој проект и потенциравме дека тоа што го има преземено Владата како обврска, не само што ја става државата во подредена положба, туку создава и проблем во следната цела деценија зашто онаа цена што се лиферува во јавноста, ќе биде најмалку двапати зголемена. Тоа е содржано во оној договор што ние како верзија го имаме и неколкупати во минатото потенциравме дека го имаме добиено од свиркач, а до овој момент од Владата за се што објавуваме не добивме демант, односно дека тој договор не кореспондира со вистинската верзија. Напротив, тие влегуваат во дискусија и дебата и со тоа само ја потврудваат веродстојноста на договорот што ние го добвиме од лице свиркач, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Претседателот на ССК Трајан Ангеловски порача тензијата околу овие прашања да се редуцира и повика сите засегнати страни да седнат на заедничка маса за да се најдат најдобрите и најефикасни решенија.

-Ова е голем проект, но постојат и уште неколку помали кои се заглавени. Опозицијата, позицијата и другите релевантни субјекти, комори, архитекти и градежници, да седнат и да дадат придонес зашто проектите ќе се користат со генерации. Да го извелечеме најдоброто на најефикасен начин и со најмалку трошоци. Никому не му годи негативната атмосфера. Да го извлечеме најдоброто, рече Ангеловски.

ССК, како што посочи, бара спроведување на прописите, да се избегнуваат процедури и да им се даде шанса на фирмите за еднаков и фер третман во однос на сите економски проекти.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy