Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 МФ: Потврда од ММФ за фискалните политики, одобрен прегледот на ПЛЛ програмата
Македонија

МФ: Потврда од ММФ за фискалните политики, одобрен прегледот на ПЛЛ програмата

20/01/2024

AA

РС Македонија со силна посветеност на остварувањето на амбициозната реформска агенда ја задржа макроекономската и финансиската стабилност, ги оствари сите поставени цели и според Мисијата на ММФ, продолжува да ги исполнува критериумите за пристап до ПЛЛ програмата (Линија за претпазливост и ликвидност) на Меѓународниот монетарен фонд, која се доделува само на економии кои имаат здрави макроекономски фундаменти

Ова е заклучокот на Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд за член IV и првиот преглед за Линијата за претпазливост и ликвидност. Со ова на земјата и се ставаат на располагање за користење 200 милиони долари, во рамки на веќе одобрениот пакет од вкупно 530 милиони евра во 2022 година во рамки на инструментот ПЛЛ. Првата транша од 110 милиони евра е повлечена во текот на 2022 година и се очекува повлекување на втората транша од 155 милиони евра, додека останатите средства се обезбедуваат како превентива и резерва за потребите на земјата.

“Северна Македонија закрпенува од двојните шокови од Ковид-19 пандемијата и растот на цените на енергентите по инвазијата на Русија на Украина. Економската активност е придвижена од силен извоз и намален увоз поради енергентите, кој се очекува да зајакне во 2024 година. Планираниот раст во јавните инвестиции, што започна со почетокот на авропатите на Коридорите 8 и 10д, понатаму ќе го поддржи закпренувањето. Инфлацијата иако останува предизвик, но постепено се намалува“ се наведува од страна на ММФ.

Од Фондот посочуваат дека во 2023 година е исполнет таргетот за намалување на дефицитот во 2023 година.„Планираната фискална консолидација за 2024 година е насочена да го приближи буџетскиот дефицит до 3% од БДП, што е согласно Законот за буџети.“, наведува Мисијата.

Линијата за претпазливост и ликвидност и помага на земјата во надминување на неизвесноста предизвикана од високата инфлација, руската инвазија на Украина и енергетската криза, а има влијание и врз обезбедување стабилност во финансирањето.

Програмата за ливидност и претпазливост е двегодишна програма која се заокуружува во ноември 2024 година, и обезбеди пристап на земјата до финансиски средства по поволни услови во износ од 530 милони евра.

Инструментот за претпазливост и ликвидност на ММФ е наменет за земјите членки на ММФ, коишто имаат докажани здрави економски основи и спроведуваат одржливи политики. Инструментот е воведен во 2011 година.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy