
Метео аларм за Македонија: Обилни врнежи од дожд и снег на планините!
Утре се очекуваат обилни врнежи од дожд, со количини над 30 l/m², а локално и над 50 l/m².
На планините врнежите ќе преминат во снег, при што се очекува формирање на значителна снежна покривка.
Под влијание на влажен и студен бран до петок времето ќе биде облачно и студено со врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат обилни. Вкупно од овој бран се очекува на повеќе места да наврнат над 30 l/m², а локално и над 50 l/m² дожд. Поради продор на постудена воздушна маса од север и засилен северен ветер, утре на планините врнежите ќе преминуваат во снег, а поради натамошно спуштање на студен воздух, во петок ќе има услови да преминуваат во снег и на некои од повисоките места. На повисоките планини ќе се формира значителна снежна покривка. Од сабота времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст.