Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Одложено судењето на Штекли: Доживеал епилептичен напад и паднал во судница!
Македонија

Одложено судењето на Штекли: Доживеал епилептичен напад и паднал во судница!

01/10/2025

AA

Судењето за случајот „Штекли“, во кој повеќе лица се обвинети за организирана продажба на дрога, е одложено за 9 октомври на барање на одбраната на првообвинетиот Раде Трајковски – Штекли.

Пред почетокот на денешното рочиште, Трајковски доживеал епилептичен напад и паднал во судницата. По интервенција на лекарска екипа од Брза помош, тој одбил да прими терапија, поради што судот му овозможи да го следи процесот од посебна просторија.

Адвокатот Сашко Дуковски реагираше дека нападот не може да се третира како нарушување на редот, бидејќи обвинетиот е лице со констатирана епилепсија и претходно му била препишана психијатриска терапија. Тој нагласи дека одбраната нема интерес да го одолговлекува процесот.

Судијата Илија Трпков истакна дека судењето мора да се води ефикасно, но и со почитување на правата и здравствената состојба на обвинетите, додавајќи дека евентуални обиди за одолговлекување ќе бидат санкционирани.

Обвинението на Обвинителството за организиран криминал опфаќа 10 лица, а дел од првично осомничените веќе склучиле спогодби и добиле затворски казни. Според обвинителството, групата имала јасна организација во набавка и продажба на кокаин и марихуана, а клучни докази биле обезбедени преку анализа на мобилни телефони со системот „Cellebrite“.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Муцунски: Загрижени сме поради последните инциденти со дронови во Романија

26/07/2026
Македонија

Историски случај во Македонија: Жена на 61 година го роди

26/07/2026
Македонија

Во Гостивар првите симптоми се појавиле пет дена порано

26/07/2026
Македонија

„И Здравје и Работа“: Доста е од дезинформации – време

26/07/2026
Македонија

Пронајдени човечки останки кај македонско-албанската граница

26/07/2026
Македонија

Мицкоски: Скопје памети, Македонија не заборава – вечен спомен за

26/07/2026
Македонија

Приведени осум лица – при преглед кај нив е пронајдена

26/07/2026
Македонија

Хорор во скопско село: Ја фатил мајка си низ прозорецот

26/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44677
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Муцунски: Загрижени сме поради последните инциденти со дронови во Романија

26/07/2026

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, изрази сериозна загриженост поради последните инциденти со дронови во Романија и

Историски случај во Македонија: Жена на 61 година го роди своето прво дете

26/07/2026

Македонска двојка на 61 и 71 година за првпат стана родители, откако во болницата „Д-р Органџиски“ успешно била реализирана сложена

Во Гостивар првите симптоми се појавиле пет дена порано

26/07/2026

Стотици жители на Гостивар побарале лекарска помош поради стомачни тегоби неколку дена пред надлежните официјално да прогласат епидемија, покажуваат податоците

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy