
МЕТАЛНИ ЧЕСТИЧКИ ВО WHEY PROTEIN СО ВКУС НА ЧОКОЛАДО: Декатлон го повлече од продажба
Поради можно
присуство на метални честчки повлечен е протеин во прав со вкус на чоколадо Whey Protein на Decathlon во пакување од 30 грама со сериски број 2429700006, ги
информира потрошувачите во Хрватска Државниот
инспекторат.
-Производот не е во согласност со Регулативата за
воспоставување на општите принципи и услови на законот за храна, формирање на
Европската агенција за безбедност на храна и воспоставување процедури во
областите на безбедноста на храната, објави Хрватската агенција за земјоделство
и храна (HAPiH). Не го консумирајте и вратете го производот во најблиската
продавница“
Производителот Decathlon објави дека повлекувањето влијае на
производот купен помеѓу 7 ноември и 14 ноември, од серијата 2429700006, означена како „важност пред февруари 2026 година“.
Тој ги повика потрошувачите да не го консумираат производот
од таа серија и да го вратат во најблиската продавница за враќање или замена.
Тие
откриле дека и покрај ригорозната контрола на квалитетот, отповиканиот производ
не ги исполнува барањата за очекуваната безбедност на храната, поради
производствен дефект што може да доведе до присуство на туѓо метално тело, кое претставува ризик од физичка
повреда на корисникот .
фото: Decathlon
