
Меси си заминал од ПСЖ поради истиот проблем кој го имале и Нејмар и Мбапе!
Аргентинецот во интервју за телевизијата „Беин“ објасни дел од причините поради кои си заминал од „Паркот на принцовите“.
„Дел од навивачите на ПСЖ почнаа да ме третираат поинаку, дел од навивачите на Париз. Голем дел од нив сакаа да останам и се однесуваа кон мене како туку што да сум дошол, но се појави група навивачи која почна да прави проблеми. Тоа никогаш не го сакав и затоа решив да си одам. Ми се случи тоа што претходно го доживеаја Нејмар и Мбапе“, рече Меси.
Тој не е сигурен дали победата над Франција во финалето на СП допринела за таквиот статус.
„Со себе ќе ги понесам само убавите спомени од луѓето кои ме почитуваа, како што јас ги почитував веднаш штом дојдов“, дополни аргентинскиот репрезентативец.
