Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Меси прифаќа да игра за значително помала плата во Барселона – можно е враќање на Камп Ноу
Спорт

Меси прифаќа да игра за значително помала плата во Барселона – можно е враќање на Камп Ноу

31/03/2023

AA

Барселона ја започна кампањата за враќање на Лео Меси откако топ тема во Каталонија денеска е можноста Аргентинецот повторно да истрча на Камп Ноу.

„Во контакт сме со луѓето од кампот на Лео Меси“,  изјави денеска потпретседателот на Барселона, Рафа Јусте и ја крена на нозе јавноста во Каталонија.

„Лео и неговото семејство знаат колку се сакани. Бев дел од преговорите кои за жал завршија неуспешно, трн во око ми е тоа што тој мораше да замине, па би сакал да се врати“.

На ваквите коментари потоа се надоврза и Чави, кој порача дека сите сакаат да го видат последниот танц на Лео Меси во Барселона како Мајкл Џордан и само дотури масло во оганот.

„Не е првпат да зборуваме за враќање на Меси. Јас разговарам многу со него. Тоа е нешто на кое работиме и се надевам дека ќе го видиме повторно во Барселона. Тоа е клубот на неговиот живот. „Сите сакаат да го видат последниот танц на Меси како Мајкл Џордан“,  рече тренерот на Барса.

Барселона е во незавидна финансиска состојба, но новинарката Вероника Брунати објави дека парите нема да бидат проблем, наводно Лео Меси ќе прифати да игра за 10 милиони евра по сезона, плус варијабилен дел поврзан со спонзорските договори.

Останува да се види што ќе рече Ла Лига на една ваква зделка, од таму веќе и порачаа на Барселона дека мора да ја намалат сметката за плати за 200 милиони евра. Поради финансискиот фер-плеј овој месец беше поништена регистрацијата на Гави, Шпанецот во продолжението од сезоната ќе настапува како младинец и доколку „каталонците“ не најдат начин новиот договор да му го регистрираат до 1. јули, ризикуваат беспари да го загубат. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Седум нови случаи на Западен Нил во Скопје: Хоспитализирани 16

07/08/2026
Македонија

Инфлацијата во јули изнесува 0,1 процент, на годишно ниво трошоците

07/08/2026
Македонија

Седум нови случаи на западнонилска треска, тројца пациенти во критична

07/08/2026
Македонија

Жена спасена од Вардар благодарение на брзата реакција на двајца

07/08/2026
Македонија

Загина 19-годишен мотоциклист во Радишани

07/08/2026
Македонија

Момче од Македонија паднало од тобоган во Бодрум, со скршеница

07/08/2026
Македонија

17 лица почнаа да работат во логистичкиот центар на Лидл

07/08/2026
Македонија

Истекува законскиот рок за истрага, Артан Груби пред укинување на

07/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44905
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Седум нови случаи на Западен Нил во Скопје: Хоспитализирани 16 лица, тројца се во критична

07/08/2026

Во текот на изминатата недела во земјава се регистрирани седум нови случаи на инфекција со вирусот Западен Нил. Сите новозаразени

Инфлацијата во јули изнесува 0,1 процент, на годишно ниво трошоците за живот повисоки за 2,3%

07/08/2026

Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во јули годинава бележи минимален раст од 0,1 процент во споредба со

Седум нови случаи на западнонилска треска, тројца пациенти во критична состојба

07/08/2026

Во текот на оваа недела во земјава се регистрирани седум нови случаи на инфекција со вирусот Западен Нил, соопшти Министерството

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy