Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Мешовитата историска комисија на средба: Македонската страна достави нов учебник по историја
Македонија

Мешовитата историска комисија на средба: Македонската страна достави нов учебник по историја

26/09/2025

AA

Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања вчера и денеска во Софија ја одржа 37. средба. Македонската страна ја претстави новата реалност во историското образование во Северна Македонија и ѝ достави на бугарската страна нов учебник по Историја за VII одделение.

„Средбата се одвиваше според традиционален дневен ред, кој вклучуваше дискусија по македонските учебници, евентуални заеднички чествувања и усогласување на записници. По доставувањето на новиот учебник, дискусијата по првата точка стана беспредметна“, соопшти македонскиот тим.

По прашањето за заеднички чествувања, бугарската страна инсистираше на одбележување на одредени историски личности, додека македонскиот тим предложи заедничко одбележување на крајот на Втората светска војна како симбол на победата над злото. Различните позиции останаа непроменети, се додава во соопштението.

На средбата беше потпишан и Записникот од 30. средба од 2024 година, како и усвоена динамиката за работа до крајот на годината. Следната средба е најавена за првата половина на ноември во Скопје.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Фетаи со честитка за Мицкоски и порака за продолжување на

06/12/2025
Македонија

ТОМОВСКИ БАРА СДСМ ДА МУ СЕ ИЗВИНИ ИЛИ ЌЕ ТУЖИ

06/12/2025
Македонија

ИСТОРИСКОТО НАСЛЕДСТВО НА МАКЕДОНИЈА Е ОБВРСКА, А НЕ УКРАС ИЛИ

06/12/2025
Македонија

НАЦИОНАЛНИОТ ИДЕНТИТЕТ НЕ Е ПРЕДМЕТ НА ПРЕГОВОРИ! Мицкоски за Стратегиската

06/12/2025
Македонија

ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ РЕИЗБРАН ЗА ЛИДЕР НА ВМРО-ДПМНЕ Усвоени и нови

06/12/2025
Македонија

Родителите на загинатите деца во „Пулс“ одржаа нов „Марш за

06/12/2025
Македонија

МАКЕДОНИЈА МОЖЕ, МАКЕДОНИЈА ЗНАЕ, МАКЕДОНИЈА ЌЕ УСПЕЕ! Завршна порака на

06/12/2025
Македонија

Мицкоски реизбран за претседател, тој беше единствен кандидат за претседател

06/12/2025
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 38591
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Фетаи со честитка за Мицкоски и порака за продолжување на коалицијата

06/12/2025

Вицепремиерот Арбен Фетаи му го честиташе третиот мандат на Христијан Мицкоски како претседател на ВМРО-ДПМНЕ, оценувајќи дека повторната поддршка од

ТОМОВСКИ БАРА СДСМ ДА МУ СЕ ИЗВИНИ ИЛИ ЌЕ ТУЖИ ЗА КЛЕВЕТА Немам никакви удели

06/12/2025

„Посочената компанија не е моја, ниту пак имам било каков удел во нејзе. Јас во моментов немам никаква приватна компанија

ИСТОРИСКОТО НАСЛЕДСТВО НА МАКЕДОНИЈА Е ОБВРСКА, А НЕ УКРАС ИЛИ СЕНТИМЕНТ Мицкоски на отворањето на

06/12/2025

Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, на отворањето на денешниот 18. Конгрес на партијата кој се одржува во спортскиот комплекс ,,Јасмин”

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy