Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 МЕПСО под кибер напад
Економија

МЕПСО под кибер напад

07/03/2024

AA

Операторот на електропреносниот систем МЕПСО е под сајбер напад и не може да ги доставува потребните информации до учесниците во размената и производство на струја.

Како што соопшти денеска прес-тимот на МЕПСО, целосниот интегритет на електро-енергетската мрежа и снабдувањето со електрична енергија не се загрозени. Од МЕПСО истакнуваат дека критичната електронегетска инфраструктира не е предмет на нападот, безбедна е и целосно функционална. 

– Во услови кога целиот свет се соочува со негативен глобален тренд на кибер напади и нашата компанија не остана имуна на тоа. Иако АД МЕПСО ги има превземено сите мерки за заштита од кибер напади од највисок степен сепак деновиве се соочивме со инциденти од тој вид. Имајќи предвид дека основната дејност на АД МЕПСО е пренос на електрична енергија и управување со електроенергетскиот систем ја информираме јавноста дека крититичната електроенергетска инфраструктура е безбедна,  целосно функционална и не е предмет на овој кибер напад. Тоа значи дека целосниот интегритет на електро-енергетската мрежа и снабдувањето со електрична енергија не се загрозени, наведува МЕПСО во соопштение. 

Оттаму велат дека инцидентот е пријавен кај сите надлежни институции согласно препораките и правилата за кибер безбедност.

Од страна на нашите стручни служби се преземени сите мерки за ублажување на ефектите од овој кибер напад и во соработка со експерти  од областа работат на нормализирање на секојдневната работа на компанијата, се наведува во соопштението.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ велат дека овој хакерски напад трае три дена и дека се потрошени 5 милиони евра за сајбер одбрана на МЕПСО.

„Веќе 3 дена МЕПСО не функционира, без комуникација е со потрошувачите, но и со преносните опреатори со сите земји од Европа преку Swissgrid. МЕПСО е „слеп“ во моментот, функционира стихијно и без план како ќе се надмине овој проблем. Веројатно сопственикот на МЕПСО – Владата на Македонија ќе го реши овој проблем исто како што ги реши дојавите за бомби во училиштата, со игнорирање“, реагираат од таму.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СОНЦЕ, СЕВЕРЕН ВЕТЕР И СТУДЕНИ УТРА Живата во термометрите до

30/09/2026
Македонија

СОНЦЕ, СЕВЕРЕН ВЕТЕР И СТУДЕНИ УТРИНА Живата во термометрите до

30/09/2026
Македонија

150 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ЕУ ЗА ЖЕЛЕЗНИЦАТА КОН БУГАРИЈА Николоски

30/09/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА ПРЕДНИЧИ ВО ЕВРОПСКИТЕ РЕФОРМИ Левков вели дека актуелниот парламентарен

30/09/2026
Македонија

ВОДОВОДНАТА МРЕЖА ВО БИТОЛА ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА Се реконструира

30/09/2026
Македонија

ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА НИЗ ДРЖАВАТА Се сузбива трговија со дрога,

30/09/2026
Македонија

СУДИИТЕ ЗИМБОВСКА И ГЕРАСИМОВСКИ ВО ТРКА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА АПЕЛАЦИЈА

30/09/2026
Македонија

СДСМ ГИ САБОТИРА ИЗМЕНИТЕ НА ИЗБОРНОТО ЗАКОНОДАВСТВО Милошоски ја повикува

30/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45903
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СОНЦЕ, СЕВЕРЕН ВЕТЕР И СТУДЕНИ УТРА Живата во термометрите до 26 степени во Гевгелија

30/09/2026

Утринските часови ќе бидат ведри и постудени, а во текот на денот времето ќе биде сончево. Ќе дува слаб до

СОНЦЕ, СЕВЕРЕН ВЕТЕР И СТУДЕНИ УТРИНА Живата во термометрите до 26 степени во Гевгелија

30/09/2026

Утринските часови ќе бидат ведри и постудени, а во текот на денот времето ќе биде сончево. Ќе дува слаб до

150 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ЕУ ЗА ЖЕЛЕЗНИЦАТА КОН БУГАРИЈА Николоски во Брисел за големите инфраструктурни

30/09/2026

Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, е во дводневна работна посета на Брисел, каде што учествува на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy