Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Меланија Трамп: Луѓето не сфаќаат дека не зависам од Доналд
Магазин

Меланија Трамп: Луѓето не сфаќаат дека не зависам од Доналд

14/01/2025

AA

Меланија Трамп наскоро повторно ќе стане прва дама на САД. Во пресрет на почетокот на вториот мандат на нејзиниот сопруг, Меланија даде интервју за Фокс њуз во кое сакаше да се прикаже како жена која не е зависна од него.

„И првиот пат бев своја, едноставно ми се чинеше дека луѓето не ме сфаќаат сериозно или не ме прифаќаат, можеби сега ќе биде поинаку. Немав голема поддршка. Можеби некои луѓе ме гледаат само како сопруга на претседателот, но јас стојам на свои нозе, имам свои размислувања“, истакна таа.

„Понекогаш ги слуша моите совети, понекогаш не.  Не секогаш се согласувам со она што го кажува или прави мојот сопруг и тоа е во ред“, рече Меланија.

Идната прва дама откри дека нема трајно да се пресели во Белата куќа, туку по потреба ќе живее и во Њујорк и Палм Бич на Флорида.

Уште во септември минатата година, таа рече дека Барон решил да живее во Трамп Тауер, семејната резиденција на Менхетен. И покрај тоа, вели таа, за него е подготвена соба во Белата куќа, во која ќе може да биде кога ќе реши да го посети семејството.

Откако ја напушти Белата куќа во 2021 година, Меланија помина време помеѓу Палм Бич и Њујорк додека нејзиниот сопруг се соочуваше со низа правни проблеми и се подготвуваше за својата трета кампања. Иако другите членови на семејството Трамп редовно му се придружуваа на поранешниот претседател на суд и во кампањата, Меланија главно се повлече од јавниот живот.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Клековски: Ги мобилизираме сите надлежни институции, август и септември историски

17/08/2026
Македонија

Јован, херојот од „Пулс“ добитник на наградата „Младинска храброст 2026“

17/08/2026
Македонија

Македонија официјално потврди присуство на Евровизија 2027 во Бугарија

17/08/2026
Македонија

Од полноќ: Бензинот поскапува за 4,5 денари, а дизелот за

17/08/2026
Македонија

Трет смртен случај од западнонилска треска, шестмина се во критична

17/08/2026
Македонија

Мисајловски за Денот на Армијата: Работиме на повисоки плати и

17/08/2026
Македонија

Разрешениот министер Љутков стана национален координатор за култура

17/08/2026
Македонија

Уапсен 67-годишен битолчанец, предизвикал пожар во неговото поранешно стовариште

17/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45064
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Клековски: Ги мобилизираме сите надлежни институции, август и септември историски гледано ќе има врв епидемијата

17/08/2026

Министерството за здравство, предводено од министерот Сашо Клековски, презема засилени и координирани активности за следење и справување со состојбата со

Јован, херојот од „Пулс“ добитник на наградата „Младинска храброст 2026“

17/08/2026

Младиот Јован Костадинов од Виница, во тргичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани спаси над 20 лица е меѓу 16-те

Македонија официјално потврди присуство на Евровизија 2027 во Бугарија

17/08/2026

Македонија и официјално го потврдила своето враќање на Евровизија, дознава 4news.mk Бугарскиот крајбрежен град Бургас ќе биде домаќин на претстојниот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy