
Мегваер се јави откако од списокот за ЕУРО: Уништен сум
Неколку часа откако беше објавена веста, искусниот стопер се јави на социјалните мрежи во порака со која призна дека не му е сеедно.
„Уништен сум поради тоа што нема да игра за Англија ова лето. И покрај сите напори, не успеав да ја пребродам повредата на листот, можеби премногу се трудев за да успеам. За мене, играњето за Англија е најголема чест, тоа ми значи се. Ако не можам да помогнам како играч, ќе ја поддржам екипата како навивач, заедно со остатокот од земјава. Момци, одете и победете“, напиша Мегваер.
Англија се наоѓа во групата Ц на Европското првенство, заедно со репрезентацииа на Србија, Данска и Словенија.