
Медведев: Русија побрзо ќе најде решение без Европа и САД
Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, оцени дека Русија побрзо ќе напредуваше во решавањето на украинското прашање без поддршката на ЕУ и Соединетите Американски Држави за Киев.
„Американските власти рекоа дека ако нема напредок во украинскиот случај, САД ќе ги измијат рацете од него. Паметно. ЕУ мора да го стори истото. Тогаш Русија побрзо ќе го реши проблемот“, рече Дмитриј Медведев на платформата Икс.
Медведев претходно изјави дека испраќањето мировници во Украина ќе го означи почетокот на војната со НАТО.