Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Мечки кај шарпланинските села: Прехраната е опасна и погрешна
Македонија

Мечки кај шарпланинските села: Прехраната е опасна и погрешна

02/06/2025

AA

По апелот на Националниот парк „Шар Планина“ за донации од пченка и јаболка за прихрана на мечките, Македонското еколошко друштво (МЕД) остро реагираше, предупредувајќи дека таквиот пристап е штетен на долг рок. Екологот Диме Меловски од МЕД посочи дека оваа практика може да има сериозни последици врз однесувањето на мечките и нивниот однос со луѓето.

– Мечките се навикнуваат на храна од човек и почнуваат да ја бараат кај населени места. Подоцна, кога ќе престане прихраната, се појавуваат конфликти, вели Меловски, додавајќи дека такви примери се веќе видени во земји како Романија, каде мечките редовно доаѓаат покрај патишта и се приближуваат до автомобили.

Тој посочи неколку клучни ризици од ваквото однесување:

Во земјава, според проценките, живеат околу 300 до 350 кафеави мечки, најмногу во западниот дел на Македонија. Видот е трајно заштитен, но нивната појава во близина на села и населени места, како што беше случајот во Галичник и дебарските села минатата есен, буди страв кај локалното население.

– Прихраната е краткорочно решение со долгорочни последици. Тоа не е одржлива стратегија за управување со дивеч. Не за џабе се вика ‘дивеч’, истакна Меловски.

И странските практики покажуваат слични проблеми. На пример, Одделот за заштита на животната средина во Њу Џерси повикува жителите да не ги хранат мечките, зашто тоа води до нивна почеста појава во урбани места, при што претставуваат ризик за безбедноста на луѓето и имотот.

Од МЕД апелираат до институциите да се фокусираат на долгорочни решенија и едукативни кампањи, наместо на практики кои создаваат зависност кај дивите животни.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПРИТИСОК ВРЗ СОФИЈА ЗА НЕПРАВДАТА КОН МАКЕДОНЦИТЕ Во рок од

11/04/2026
Македонија

📷 📽️ НЕ ШМРКАВ КОКАИН И НЕ БЕВ КРИМИНАЛЕЦ ЗА

11/04/2026
Македонија

Македонија меѓу земјите со најголемо поскапување на јајцата пред Велигден

11/04/2026
Македонија

ПОВРЕДЕН ПИТ-БУЛ НАЈДЕН ВО БАГАЖНИК, УЧЕСТВУВАЛ ВО БОРБИ Приведени 19-годишник

11/04/2026
Македонија

📷 ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА ГИ ВАПЦАШЕ ЈАЈЦАТА Сиљановска-Давкова повика на надеж и

11/04/2026
Македонија

Силјановска-Давкова: Вапцањето јајца е повеќе од традиција – тоа е

11/04/2026
Македонија

ВИДЕО Благодатниот оган се појави во Светиот гроб во Ерусалим

11/04/2026
Македонија

ПРИТИСОК ВРЗ СОФИЈА ЗА НЕПРАВДАТА КОН МАКЕДОНЦИТЕ Во рок од

11/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42387
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПРИТИСОК ВРЗ СОФИЈА ЗА НЕПРАВДАТА КОН МАКЕДОНЦИТЕ Во рок од 180 дена, Бугарија мора да

11/04/2026

Официјална Бугарија се соочува со притисок откако Комитетот за човекови права на Обединетите нации побара да му исплати оштета на

📷 📽️ НЕ ШМРКАВ КОКАИН И НЕ БЕВ КРИМИНАЛЕЦ ЗА ДА МЕ ИЗБЕРАТ ВО РАKOВОДСТВОТО

11/04/2026

СДСМ се соочува со сериозна внатрешна криза и пад на довербата кај граѓаните – оцени поранешниот пратеник и професор Иван

Македонија меѓу земјите со најголемо поскапување на јајцата пред Велигден

11/04/2026

Велигденските празници годинава доаѓаат во услови на забележителен раст на цените на основните прехранбени производи, при што јајцата повторно се

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy