
Мечка влегла во домот на екс пратеникот Љатиф Пајкоски: „Очигледно ни преостанува да се самоорганизираме и да се штитиме“
Поранешниот пратеник на СДСМ, Љатиф Пајкоски, кој живее во селото Жировница, во Општина Маврово и Ростуше вчера алармираше дека претходната вечер во неговиот двор влегла мечка.
„Синоќа во 22 часот, пред мојата куќа. Ајде да ве видам вие умоболни бирократчиња што ја штитите мечката, а ништо не преземате да го заштитите населението. Повелете барем една вечер бидете мои гости во Жировница, но не сами туку и со вашите деца. Очигледно ни преостанува да се самоорганизираме и да се штитиме и самите и нашите имоти со се што располагаме. Нема ова биде и едно од последните укажувања“, напиша Пајкоски.
Инаку, пред околу 10 дена во истото село ренџерската служба на Националниот парк „Маврово“ пронајде застрелани мечка со две мечиња.
