Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Меѓународен ден на чиста енергија – Божиновска со студентите: Младите се иднината на чистата енергија и иновациите
Економија

Меѓународен ден на чиста енергија – Божиновска со студентите: Младите се иднината на чистата енергија и иновациите

26/01/2025

AA

По повод Меѓународниот ден на чистата енергија, министерката за
енергетика Сања Божиновска оствари инспиративна средба со студентите на
Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ). Таа гостуваше во
„Лабораторијата на знаење“ – ФабЛаб, каде што младите работат на иновативни
проекти, создаваат прототипи и активно учествуваат во научноистражувачката
работа.

„Младите инженери и иноватори не само што се стекнуваат со знаење, туку
создаваат решенија кои ќе ја обликуваат иднината на чистата енергија и во
Македонија, но можеби и во светот. Иновациите во оваа област се важни за целиот
свет. Нивната креативност и посветеност се движечка сила за развојот на
енергетиката и технологијата.“ истакна министерката Божиновска.

За време на средбата, студентите ја запознаа министерката со своите
најнови проекти, меѓу кои и иновативни решенија за енергетска ефикасност,
користење на 3Д печатење за практични прототипи, како и иницијативи за поддршка
на лицата со попреченост. Од нивните идеи, како што посочија, утре може да
излезе практична иновација што ќе придонесе за поодржлива иднина.

Во знак на благодарност за нејзината континуирана поддршка, студентите ѝ
врачија статуетка што сами ја изработиле и испечатиле на 3Д принтер во
лабораторијата.

„Од овие млади луѓе учиме дека можностите се неограничени кога има
поддршка и инспирација. Наша должност е не само да ги едуцираме, туку и да ги
мотивираме. Македонија има талентирани млади, а наша задача е да создадеме
услови тие да се развиваат и да останат тука, носејќи иновации и напредок.“
додаде министерката.

Министерката ги охрабри студентите да продолжат со својот иновативен дух
и најави поддршка за проекти кои ќе придонесат за чиста енергија, енергетска
ефикасност и одржлив развој.

„Овие студенти се идните лидери на нашата енергетика, а нивните идеи ќе
бидат двигател на македонската енергетска транзиција.“ истакна таа.

Меѓународниот ден на чиста енергија, кој се одбележува на 26 јануари,
беше прогласен во 2023 година од Генералното собрание на ОН (резолуција
A/77/327) како повик за подигнување на свеста и мобилизирање на активности за
праведна и инклузивна транзиција кон чиста енергија, за доброто на луѓето и
планетата.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

📽️ 📷 СПРЕЧЕН ШВЕРЦ НА ЛЕКОВИ ЗА MAЛИГНИ ЗАБОЛУВАЊА ВРЕДНИ

21/10/2026
Македонија

НАМЕСТО КАЗНИ ОД ПО 300 ЕВРА, ПОЛИЦАЕЦ ОД ТЕТОВО ИМ

21/10/2026
Македонија

30.000 САДНИЦИ ЧЕКААТ НА ВОЛОНТЕРИТЕ ВО СВЕТИ НИКОЛЕ dm повикува

21/10/2026
Македонија

ВИДЕА СО ДЕТСКА ПОРНОГРАФИЈА ОТКРИЕНИ ВО ОХРИД На 42-годишник му

21/10/2026
Македонија

28 ПИШТОЛИ БЕЗ ДОЗВОЛА, 63-ГОДИШНИК ВО ПОЛИЦИЈА Голема акција на

21/10/2026
Македонија

ВО НЕДЕЛА СЕ ВРАЌАМЕ НА ЗИМСКОТО СМЕТАЊЕ НА ВРЕМЕТО Македонија

21/10/2026
Македонија

8 НОВИ СЛУЧАИ НА ХИВ/СИДА ВО СЕПТЕМВРИ Меѓу заразените е

21/10/2026
Македонија

СЛУЧАЈОТ СО ИВА МИХАИЛОВА Е БУГАРСКИ ПРЕДИЗБОРЕН ФОЛКЛОР Мицкоски вели

20/10/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46295
  • Регион 3997
  • Свет 15
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

📽️ 📷 СПРЕЧЕН ШВЕРЦ НА ЛЕКОВИ ЗА MAЛИГНИ ЗАБОЛУВАЊА ВРЕДНИ 5.400 ЕВРА Косовски возач ги

21/10/2026

Лекови за третман на малигни заболувања, вредни 336.000 денари, биле откриени во кутија за прва помош во автобус на граничниот

НАМЕСТО КАЗНИ ОД ПО 300 ЕВРА, ПОЛИЦАЕЦ ОД ТЕТОВО ИМ ИЗРЕКОЛ ПОБЛАГИ САНКЦИИ Кривична пријава

21/10/2026

Полициски службеник од Тетово е кривично пријавен под сомнение дека ја злоупотребил службената положба и несовесно постапувал во службата, откако

30.000 САДНИЦИ ЧЕКААТ НА ВОЛОНТЕРИТЕ ВО СВЕТИ НИКОЛЕ dm повикува на масовно пошумување, пријавувањето трае

21/10/2026

Компанијата dm drogerie markt и оваа година ги повикува граѓаните да ги здружат силите и да станат дел од традиционалната

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy