Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Меџити: Северна Македонија постигна напредок во ублажувањето на антимикробна резистенција
Македонија

Меџити: Северна Македонија постигна напредок во ублажувањето на антимикробна резистенција

14/12/2023

AA

Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити, денеска се обрати на панел дискусијата „Заеднички во спречување на антимикробната отпорност“ во организација на Здружението за одржлив развој БИОМ Скопје и мултисекторската комисија за контрола на антимикробна отпорност при Министерството за здравство и поддршка на Светската здравствена организација.

Во продолжение, ви го пренесуваме неговото излагање во целост:

„Чест ми е да ве поздравам на оваа панел дискусија на која ќе се актуелизира прашањето за антимикробна резистенција (АМР) и нашата непоколеблива посветеност да ги здружиме напорите во спротивставувањето на оваа тивка, но сепак сериозна закана пред се по здравјето на граѓаните, која ја загрозува здравствената сигурност на локално и на глобално ниво.

Денес мора да делуваме, ако сакаме утре да имаме лек! Антимикробната резистенција треба да ја решаваме сите заедно.

Основата на силните здравствени системи е клучна за спречување на ширењето на заразните болести и поттикнување на нивното искоренување. Областа на безбедна хирургија и третман на рак, зајакната со ефективни антибиотици се составен дел за управување со ризиците од инфекции.

И покрај сите напори, се соочуваме со вознемирувачки предизвик во форма на антимикробна отпорност, што ги загрозува чекорите што ги направивме во минатото со имплементирање на стратегијата за антимикробна отпорност. Овој отпор веќе го бара данокот од јавното здравје, што доведува до зголемена стапка на смртност, постојани инфекции и зголемување на трошоците за здравствена заштита.

Борбата против антимикробна отпорност наиде на неуспеси за време на Ковид пандемијата, сведочејќи на пораст на несоодветната употреба на антибиотици. Токму пандемијата го нагласи огромното значење на програмите за заштита и превенција, контрола на антимикробна отпорност.

Во насока на подржување на напорите на СЗО и на другите релевантни меѓународни организации ние како држава го потпишавме документот за прифаќање на патоказот за антимикробна резистенција на СЗО 2023-2030, во октомври 2023 година на состанокот на СЗО во Астана, Република Казахстан.

Северна Македонија постигна напредок во ублажувањето на антимикробна резистенција. Аспектот „Едно здравје“ за превенција и контрола на АМР бара дополнителни интервенции. Колективната акција е императив за да се справиме со развојот и ширењето на антимикробната отпорност, не само меѓу луѓето, туку и кај животните и во секторот за производство на храна и во областа на животната средина. Овој холистички пристап, кој го опфаќа здравјето на луѓето, здравјето на животните, земјоделството и животната средина е познат како „Едно здравје“.

Деновиве потпишав решение за назначување нова мултисекторска комисија за справување со антимикробната ресизистенција во Северна Македонија, составена од експерти и претставници од здравство, ветерина, земјоделство и животна средина со што го промовираме мултисекторскиот пристап на проблемот со антимикробна резистенција во нашата држава, односно пристапот за „Едно здравје“.

Задоволен сум што гледам дека на денешната конференција учествуваат национални експерти од оваа област од различни сектори, вклучително и здравство, ветеринарство и фармација. Сите овие сектори се сведоци на широко распространетата злоупотреба на антибиотици.

Свесни сме дека ни претстојат големи предизвици, како и секаде во светот, но важно за нас е да се движиме во вистинска носока, дури и со мали чекори некогаш.

На крај ве повикувам сите со заедничките напори да се бориме против оваа таканаречена тивка треска со спречување на несоодветната употреба на антибиотици и да се справиме со антимикробната резистенција.

Ви посакувам на сите продуктивна и успешна дискусија“, изјави Меџити.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy