Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Петровска за црната листа на САД: Во овие одлуки не гледам задни намери, напротив тие се поддршка на она што ние се трудиме да го направиме како држава
Македонија

Петровска за црната листа на САД: Во овие одлуки не гледам задни намери, напротив тие се поддршка на она што ние се трудиме да го направиме како држава

14/12/2023

AA

Министерката за одбрана, Славјанка Петровска на денешната конференција даде свој коментар за состојбата со корупцијата во Република Северна Македонија, коментирајќи ги последните случувања и одлуките на Соединетите Американски Држави за ставање на личности од нашата земја на црната листа поради корупција. Таа истакна дека одличната соработка со САД трае веќе 30 години, кои се наш партнер од осамостојувањето, па затоа и во ваквите одлуки не гледа задни намери, напротив смета дека и тие се само поддршка на сето она што ние како држава и како општество се трудиме да го направиме, додавајќи дека и корупцијата претсатвува безбедносно прашање.

„Иако можеби не сум првоповикана да зборувам за корупцијата, меѓутоа како министерка за одбрана и пред се како граѓанин во оваа држава, ќе кажам дека за мене корупцијата претставува безбедносно прашање поради тоа што ако оттаму немате контрола на овој сегмент од општеството, не можете никогаш да бидете сигурни каде тие пари ќе завршат, кого се ќе финансираат и во каков момент. Иако не се зборува за големи дестабилизации, сепак во даден момент, корупцијата може да ја дестабилизираат државата на било каков начин“, истакна министерката.
Петровска додаде дека очекува и сега, но и во иднина институциите во нашата држава кои се задолжени за борба против корупција или кои што се должни за спроведување на законот во тој дел, правилно да реагираат, затоа што дури и објавувањето на имиња на црната листа на САД, значи дека треба да се направат дополнителни проверки од страна на институциите, како тие луѓе се нашле на листите.

Министерката надополни и дека се работи на измена на законодавството со коешто во иднина, за лицата кои ќе се најдат на црни листи или на било каков начин ќе претрпат санкции, без разлика дали од ЕУ или од нашите стратешки партнери, ќе може без одлагање да бидат превземени мерки и во Република Северна Македонија.

„Конечна борба или конечна победа против корупцијата никој не постигнал, но тоа не значи дека треба да даваме изговори туку напротив треба да даваме решение и да покажеме активности. Без разлика колку понекогаш е тешко да ги донесеме одредени одлуки, сепак верувајте дека европската интеграција на нашата држава, и преминувањето на оваа точка во која во моментов стоиме, е вистинското решение и за борбата против корупцијата и за подобрување на состојбите во целото општество. Само со мало приближување, кое ние го направивме со завршувањето на процесот на скринингот и одржувањето на првата меѓувладина конференција, многу голема поддршка се отвори и ѝ се даде на Република Северна Македонија како во финансиска, така и во секаква смисла, во делот на подобрување на процесите внатре во државата. Евроинтеграцијата не ја правиме заради големите земји, не ја правиме затоа што тоа некој го бара од нас, туку тоа го правиме како резултат на поддршката која граѓаните во оваа држава ја даваат“, заврши Петровска.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Уапсен 72-годишник од Радовиш – признал дека со ловечка пушка

04/07/2026
Македонија

Активен пожар кај Македонски Брод

04/07/2026
Македонија

Вандализам во основно училиште во Скопје – оштетени врати и

04/07/2026
Македонија

Мицкоски најави разговори со трговците за ценовните движења

04/07/2026
Македонија

Потврдени два случаи на западнонилска треска на Клиниката за инфективни

04/07/2026
Македонија

Приведени четворица возачи за безобѕирно управување возило – двајца возеле

04/07/2026
Македонија

Ангелов со апел по пожарот во Штип: Не палете оган

04/07/2026
Македонија

Тепачка меѓу три скопјанки по расправија во сообраќај во Ѓорче

04/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44166
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Уапсен 72-годишник од Радовиш – признал дека со ловечка пушка усмртил куче

04/07/2026

Седумдесет и двегодишен жител на Радовиш е приведен под сомнение дека со ловечка пушка усмртил куче на градска улица, информира

Активен пожар кај Македонски Брод

04/07/2026

Во текот на денешниот ден продолжуваат интервенциите на противпожарните екипи на повеќе локации низ земјата, при што состојбата со пожарите

Вандализам во основно училиште во Скопје – оштетени врати и запалени учебници

04/07/2026

Непознат инцидент во основно училиште на подрачјето на скопската населба Ѓорче Петров завршил со оштетена спортска сала и запалени учебници

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy