Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 МЕЏИТИ И КАСАМИ ЌЕ БИДАТ КОПРЕТСЕДАТЕЛИ НА ВРЕДИ На 9 мај коалицијата ќе стане една партија
Македонија

МЕЏИТИ И КАСАМИ ЌЕ БИДАТ КОПРЕТСЕДАТЕЛИ НА ВРЕДИ На 9 мај коалицијата ќе стане една партија

21/04/2026

AA

Политичката партија Вреди ќе има двајца копретседатели, двајца заменик-претседатели и секретар, најави Азир Алиу, министер за здравство.

Петмината во раководството на новиот политички субјект, кој ќе биде промовиран на 9 мај, доаѓаат од петте различни политички партии во коалицијата која ќе стане една партија.

– Во моментот работна група од 5 луѓе работи на статутот на политичката партија Вреди, органограмот и на предизвиците што ќе ги има партијата во иднина – рече Алиу во гостување во емисијата „360 степени“ на МРТ 1.

Тој вели дека од она што досега е познато, првите двајца луѓе што ќе раководат со Вреди од позиција на копретседатели на политичката партија се градоначалниците на Општина Чаир и на Општина Тетово, Изет Меџити (Демократско движење) и Билал Касами (Беса).

– Навистина длабоко работиме заради две причини. Првата причина е бидејќи ваков модел на политички партии е несвојствен за балканските земји поради тоа што нема да има еден претседател на партија, туку ќе бидат двајца – рече Алиу.

Тој додава дека структурата на Вреди се организира од 5 политички партии, па секоја од нив ќе има по еден претставник во раководството.

– Ние ќе имаме заменик-претседател. Исто така и Беким Ќоку (Самоопределување) ќе биде заменик-претседател. Значи, двајца. Потоа ќе имаме секретар којшто ќе биде од Алтернатива. Ќе имаме структура којашто ќе ја предводат различни луѓе од различни профили, но следиме и сме многу претпазливи за сите 5 институции во моментот да имаат по 20 отсто во секој дел од раководството на политичката партија – рече Алиу.

Од структурата од која доаѓа Азир Алиу (некогашна Алијанса за Албанците), позицијата заменик-претседател би требало да ја добие пратеничката Мимоза Муса, додека пак политичката партија Алтернатива, од чии редови доаѓа претседателот на Собранието, Африм Гаши, како и првиот вицепремиер и министер за европски прашања, Беким Сали ќе ја добие позицијата секретар во Вреди.

Промоцијата на новата политичката партија се најавува за на 9 мај.

Алиу вели дека постојат две причини зошто токму овој датум, кога се слави Денот на Европа, бил одбран за одржување на првиот конгрес на новата политичка партија. Една од нив е нивната структура и наративот што го градат, за кој вели дека е европски, а тие се проевропски политичари.

– Државата не може да кажете дека не е проевропска бидејќи секој закон кај нас никогаш нема да може да помине ни внатре во внатрешните административни процедури, а не, пак, да помине на седница на Влада или во Собрание. Така што, политичките проблеми коишто ги имаме како држава треба на политичко ниво да ги решаваме, но апликативните и административните процедури никој не може да каже за ниедна политичка партија, освен Левица дека јавно излегуваат и велат дека се против Европа. Јас други политички партии и други политичари не знам дека постојат – рече тој.

Алиу е оптимист дека за многу брзо време ќе пристигнат првите резултати во врска со пристапниот процес на Македонија кон Европската Унија. Оптимизмот го темели на тоа што ресорните министри на дневно ниво работат на оваа проблематика, а на неделно ниво се одржуваат брифинзи за тоа до каде е Македонија во процесот.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Петровска со обвинувања до власта: ВМРО-ДПМНЕ ги одби социјалните мерки,

18/05/2026
Македонија

Сиљановска-Давкова од Љубљана: Проширувањето на ЕУ не смее да биде

18/05/2026
Македонија

Малолетници со остар предмет ограбиле девојче во Чаир и ја

18/05/2026
Македонија

Собранието го одби предлогот на СДСМ: Министрите да не можат

18/05/2026
Македонија

Пациентите алармираат: Изборот на лекар и клиника не смее да

18/05/2026
Македонија

ПОЦ воведува нов систем за паркирање: Повластени карти по адреса

18/05/2026
Македонија

Касами и Меџити: Наскоро правосудниот испит ќе се полага и

18/05/2026
Македонија

Осумдесет нуркачи од регионот во голема акција за чистење на

18/05/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43330
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Петровска со обвинувања до власта: ВМРО-ДПМНЕ ги одби социјалните мерки, а одобри ново задолжување

18/05/2026

Славјанка Петровска упати остри критики по денешната собраниска седница Поранешната министерка и актуелна пратеничка Славјанка Петровска упати јавна реакција по

Сиљановска-Давкова од Љубљана: Проширувањето на ЕУ не смее да биде заложник на идентитетски прашања

18/05/2026

Официјална посета на Словенија и средба со претседателката Пирц Мусар Претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на својата официјална

Малолетници со остар предмет ограбиле девојче во Чаир и ја изнудувале за пари

18/05/2026

Инцидент во скопската населба Чаир Група малолетници извршиле грабеж врз 16-годишно девојче во скопската општина Чаир. Според информациите од Министерството

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy