Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Меџити до функционерите на СДСМ: Размислете колку е пониживачки за вас да бидете неми набљудувачи на ова што го прави ДУИ против интересот на граѓаните
Македонија

Меџити до функционерите на СДСМ: Размислете колку е пониживачки за вас да бидете неми набљудувачи на ова што го прави ДУИ против интересот на граѓаните

09/02/2024

AA

Денеска во Собранието се одлучува по повод поднесеното барање за разрешување на министрите за здравство и за информатичко општество и администрација, Фатмир Меџити и Азир Алиу.

Министерот Меџити од говорницата ги повика пратениците уште еднаш да размислат пред да ја донесат одлуката за неговото разрешување.

„Оставам на вашата совест, да размислите пред да донесете одлука за министер кој вложува и работи за доброто на сите. Покажав како треба да се работи, покажав како е да се бори еден министер за она што верува и сака да го спроведе. Не бегав од проблемите, туку влегував во оган за да ги решам прашањата од кои сите пред мене бегале и ги ставале „под тепих“. За ова сум горд и знам дека повторно ќе имам можност да продолжам каде што застанав. Се покажа дека не сите имаат иста цел како мене во Владата, се покажа дека ДУИ преку нивните министри до крај реши да политизира, да попречува и да блокира, реши до крај да оди против интересот на граѓаните и да го штити својот партиски интерес. Ова треба да им служи на чест, а граѓаните за неколку месеци на избори ќе го казнат ова деструктивно однесување. На функицонерите од СДСМ сакам да им порачам, размислете колку е пониживачки за вас да бидете неми набљудувачи на ова што го прави ДУИ против интересот на граѓаните. Немото соучесништо е најлошата форма на поддршка за ваквите постапки. Од утре натаму одговорете им на граѓаните зошто не се реализираат 1 117 вработувања за кои се борев, зошто се кочат катните гаражи со кои требаше да го средиме хаосот на Клинички центар“, истакна Меџити во обраќањето.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy