Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Меџити ја почнува процедурата за формирање на ново движење
Македонија

Меџити ја почнува процедурата за формирање на ново движење

17/07/2023

AA

Изет Меџити, еден од членовите на досегашната фракција внатре во ДУИ и пратеник, за МИА потврди дека од денеска ја почнува процедурата за формирање на ново движење.

– Се уште не сме размислувале за името на движењето. Дебатата е отворена и очекуваме да стигнат иницијативи од граѓаните, изјави Меџити за МИА.

Во петокот за албанската телевизија „Визион плус“, Меџити истакнал дека нема да биде формирана класична партија, туку движење кое ќе го артикулира различното размислување внатре во Демократската унија за интеграција. Според него, ќе има два политички блока кај Албанците – една власт и една опозиција која, како што вели, нужно ќе произведе поголем ефект за Албанците.

Градоначалникот на Општина Сарај и еден од членовите на фракцијата внатре во ДУИ, Блерим Беџети, пак, неодамна во изјава за МИА истакна дека заедно со Муса Џафери и Невзат Бејта остануваат како дел од фракцијата внатре во ДУИ, посочувајќи дека тие се за решавање на несогласувањата внатре во партијата. Тој потенцира дека се против формирањето на некој нов политички субјект, бидејќи, како што рече, на тој начин ќе се фрагментаризира, ќе се расцепка албанското бирачко тело.

-Има разлики меѓу нас. Ние сме фракција во рамки на ДУИ и инсистираме за овие прашања да се решава со аргументи преку расправа внатре во Демократската унија за интеграција. Јас, Муса Џафери и Невзат Бејта сме против формирањето нов политички субјект. Нема потреба да се формира нова политичка партија, рече Беџети.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Се трага по Љупчо Стојановски, апел за помош

11/08/2026
Македонија

Песна генерирана со AI над 100 пати била емитувана минатата

11/08/2026
Македонија

Кои затвореници беа помилувани од претседателката за „Илинден“?

11/08/2026
Македонија

МВР и ФЗО: Надминат проблемот со здравственото осигурување на вработените

11/08/2026
Македонија

Грешката корегирана, во Битола се појави точното македонско знаме

11/08/2026
Македонија

Удрен срнак на патот кон Кичево: Хумани граѓани го спасија

11/08/2026
Македонија

Тетовчанец лажно си ги пријавил бабата и дедото, наводно му

11/08/2026
Македонија

30-годишна жена со дрвен предмет го истепала сопствениот татко во

11/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44970
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Се трага по Љупчо Стојановски, апел за помош

11/08/2026

Семејството упати итен апел до сите граѓани за помош во пронаоѓањето на нивен роднина по име Љупчо Стојановски, кој е

Песна генерирана со AI над 100 пати била емитувана минатата недела на македонското Радио 2

11/08/2026

Една необична музичка нумера предизвика вистинска еуфорија во радиоетерот и ги преплави социјалните мрежи со прашања. По минатонеделниот избор за

Кои затвореници беа помилувани од претседателката за „Илинден“?

11/08/2026

По повод националниот празник 2 Август – Илинден, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова донесе одлука за помилување на вкупно 25 осудени лица.

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy