Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Мејер: Вежбата „Брз одговор 23“ е одличен показател за посветеноста на Македонија
Македонија

Мејер: Вежбата „Брз одговор 23“ е одличен показател за посветеноста на Македонија

18/05/2023

AA

Армијата на Република Северна Македонија докажува дека е подготвена, добро позиционирана и спремна да се интегрира со мултинационалната бригада и со силите на САД и Европа, истакна Ерик Мејер, заменик-шеф на мисијата на Амбасада на САД.

По денешниот брифинг за претстојната вежба „Итен одговор 23“, која е дел од најголемата мултинационална вежба во Европа оваа година „Defender Europe 23”, Мејер истакна дека оваа вежба е одличен показател за посветеноста на Северна Македонија во овие активности.

– Ваквите вежби помагаат во градењето на подготвеноста и унапредувањето на оперативните способности на НАТО сојузниците, рече Мејер.

Според него, силите на Северна Македонија се интегрален дел од демонстрацијата на подготвеноста и интероперабилноста, заедно со партнерите и другите сојузници.

Вежбата „Брз одговор 23’“ ќе се изведува во осум земји во регионот, меѓу кои Северна Македонија, Албанија, Бугарија, Босна и Херцеговина. Црна Гора, Хрватска, Словенија и Косово.

Во делот од вежбата, што ќе се реализира во Северна Македонија, односно на армискиот полигон „Криволак“, во периодот од 22 мај до 2 јуни, ќе учествуваат околу 1 850 припадници на четири НАТО армии – САД, Северна Македонија, Албанија и Црна Гора, како и една земја партнер, Косово.

Дополнително, Армијата на Северна Македонија со околу 130 припадници ќе учествува во реализацијата на оваа вежба и во Германија, Словенија, Хрватска, Косово и Албанија.

Целта на вежбата е подобрување на воените способности и интероперабилноста на сојузниците и партнерите.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЦУК со предупредување: Многу висок ризик од шумски пожари во

09/08/2026
Македонија

5 активни пожари низ Македонија, еден под контрола

09/08/2026
Македонија

„Сеат Алтеа“ му го пресекла патот на 19-годишникот, кој загина

09/08/2026
Македонија

Постапка против 46-годишник за тешка сообраќајна несреќа во Радишани

09/08/2026
Македонија

Политичка војна околу Артан Груби

09/08/2026
Македонија

Над 100 паралелки помалку – речиси 5.000 првачиња помалку од

09/08/2026
Македонија

38-годишен маж пронајден починат во својот дом во Штип

08/08/2026
Македонија

Зголемен бројот на лица со стомачни вируси и дехидратација, Македонија

08/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44923
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ЦУК со предупредување: Многу висок ризик од шумски пожари во повеќе региони во земјата

09/08/2026

Според податоците од МКФФИС, на 9 август 2026 година во 09:00 часот, со порастот на дневните температури се зголемува и

5 активни пожари низ Македонија, еден под контрола

09/08/2026

Центар за управување со кризи информира за пожари на отворен простор до 13:00 часот: Како што велат, регистрирани се вкупно

„Сеат Алтеа“ му го пресекла патот на 19-годишникот, кој загина во Радишани

09/08/2026

Возач на „Сеат Алтеа“ му го пресекол патот на 19-годишниот Никола Макрачевски, кој со мотоцикл „Кавасаки“ се движел од спротивната

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy