Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Меѓаши предлага нова стратегија – Секој трет ученик бил омаловажуван на училиште
Македонија

Меѓаши предлага нова стратегија – Секој трет ученик бил омаловажуван на училиште

31/01/2023

AA

Малтретирање, озборување и покажување на сила се уште царуваат во училиштата. Истражувањето за правата на децата во Град Скопје покажува дека 30 проценти или секој трет ученик барем еднаш се почувствувал понижен. Загрижувачки 25 проценти пријавиле вербално а нешто помалку социјално насилство. Најбезбедни децата се чувствуваат дома и тоа рекордни 90 проценти а најнебезбедни на интернет.

– Познавам многу ученици кои стануваат на сабајле и не сакаат да одат на училиште не поради тоа што не сакаат да го слушаат професорот туку се плашат дека може повторно да бидат понижени поради некоја лична карактеристика и тоа исто така се нарекува малтретирање, изјави Јана Николовска средношколка во СУГС „Орце Николов“.

Оваа состојба била мотивот за изготвување на 5 годишната стратегија за унапредување на правата на децата. Мапирање на состојбата со случаи на дискриминација, едукативни кампањи за нејзино препознавање но и активирање на локалната власт која треба да го слушне гласот на народот.

– Ќе воведеме задолжителни кампањи за намалување на врсничко насилство, обуки за прва помош и заштита и други елементарни непогоди, одржување на сообраќајот, вели Леона Змајсек, средношколка во СУГС „Орце Николов“.

Но возрасните ги плаши што игнорирањето и непреземањето на мерки ги брка да си одат од земјата.

– Ако не се направи нешто да биде попривлечно место за живеење каде нивниот активизам ќе дојде до израз ние оваа генерација на млади можеме да ја изгубиме и да станеме општество без иднина, изјави Драги Змијанац, претседател на Меѓаши.

Недискриминација, безбедност и активно учество во одлуките се приоритетните области во локалната стратегија. Нејзината имплементација треба да значи Скопје – град по мерка на младите.

 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy