Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ПЕНЗИСКИОТ ФОНД НА НОРВЕШКА ДОЖИВЕА НАЈГОЛЕМА ЗАГУБА ВО ПОСЛЕДНИТЕ 25 ГОДИНИ: Помалку има дури 152 милијарди евра
Економија

ПЕНЗИСКИОТ ФОНД НА НОРВЕШКА ДОЖИВЕА НАЈГОЛЕМА ЗАГУБА ВО ПОСЛЕДНИТЕ 25 ГОДИНИ: Помалку има дури 152 милијарди евра

31/01/2023

AA

Норвешкиот
државен пензиски фонд денеска објави дека ја затворил 2022 година со најголема
загуба во последните 25 години, нагласувајќи го негативното влијание на војната
во Украина, високата инфлација и зголемените каматни стапки на инвестициите во
акции и обврзници.

Норвешкиот пензиски фонд е основан во 1996 година и ги
инвестира приходите од нафта и гас во акции, обврзници и недвижен имот. Тој е
меѓу најголемите во светот со средства под управување со вкупна вредност од 1,2
трилиони долари.

Загуба од 152 милијарди долари

Во 2022 година забележа загуба од инвестиции од 1,64
трилиони круни (152 милијарди евра), најголема од нејзиното основање. Неговата
најлоша година досега беше 2008 година, кога финансиската криза го достигна
својот врв, предизвикувајќи загуба на инвестиции од 633 милијарди круни.

Повратот на инвестицијата во 2022 година изнесува минус 14,1
отсто, известија денеска. Најлош резултат донесоа вложувањата во акции, со
принос од минус 15,3 отсто. Блиску се и инвестициите во обврзници со поврат од
минус 12,1 отсто. Позитивен принос донесоа инвестициите во недвижен имот од
скромни 0,1 отсто и во проектите за зелена енергија од 5,1 отсто.

„Пазарот беше погоден од војната во Европа, високата
инфлација и зголемените каматни стапки. Ова негативно влијаеше и на берзата и
на пазарот на обврзници, што е многу невообичаено“, објасни извршниот директор
Николај Танген во изјавата.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Огнот над Моране сѐ уште активен, наутро жестока офанзива од

12/08/2026
Македонија

ПОЧИНА СРНАКОТ МАРТИН: По долга борба за живот, активистите упатија

12/08/2026
Македонија

Пожарот од Моране: Противпожарните екипи остануваат на терен во текот

12/08/2026
Македонија

Повеќе лица повикани во полиција по ширењето информации за наводна

12/08/2026
Македонија

Пожар го зафати подрачјето кај Манастирски Доленци, се бара помош,

12/08/2026
Македонија

Авантура од 1.974 километри: Иван и Спасе ќе го освојуваат

12/08/2026
Македонија

Општината требало да реагира откако „Пулс“ бил нелегално пренаменет –

12/08/2026
Македонија

Изречена првата казна за напуштање новородени животни: Скопјанец ќе плати

12/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44989
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Огнот над Моране сѐ уште активен, наутро жестока офанзива од земја и воздух

12/08/2026

Пожарот кој изби во општината Студеничани, во близина на местото Рамни Габер, продолжува да гори и во текот на ноќта.

ПОЧИНА СРНАКОТ МАРТИН: По долга борба за живот, активистите упатија апел за итно отворање центар

12/08/2026

По долга и исцрпувачка борба на ветеринарниот тим и активистите, познатиот срнак Мартин денеска подлегна на тешките повреди. Неговата состојба

Пожарот од Моране: Противпожарните екипи остануваат на терен во текот на ноќта

12/08/2026

Пожарот кој се прошири од село Моране зафати дел од подрачјето на село Габер, каде што во текот на денот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy