Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 МД „Илинден“-Тирана: Го осудуваме однесувањето на бугарскиот амбасадор, Киров кон Македонците во Голо Брдо и Мала Преспа
Македонија

МД „Илинден“-Тирана: Го осудуваме однесувањето на бугарскиот амбасадор, Киров кон Македонците во Голо Брдо и Мала Преспа

20/09/2023

AA

Македонското друштво „Илинден“-Тирана преку соопштение за јавноста „најостро го осудува крајно агресивното и дрско однесување на бугарскиот амбасадор Ивајло Киров кон Македонците во Голо Брдо и Мала Преспа”.

– Во екот на пописот во Република Албанија, бугарскиот амбасадор Ивајло Киров, без основно почитување на националните чувства на Македонците во Република Албанија, врши отворен атак врз македонското население во Голо Брдо и Мала Преспа, а со намера да ги убеди да се попишат како Бугари. Со своите постапки бугарскиот амбасадор ги надминува своите овластувања на претставник на бугарската држава во Република Албанија, оценува друштвото.

Од друга страна, стои понатаму во соопштението, ваквиот недозволив акт претставува и директно мешање во работата на албанската држава и на албанските институции кои се задолжени за спроведување на реален и законски попис во државата.

– Ние Македонците, како граѓани на Република Албанија, кои се примерни жители и редовни извршувачи на своите обврски кон државата, бараме соодветна заштита од насилството кое го вршат Бугарите врз нас, Македонците во Република Албанија. Како Македонци, свесни сме дека од бројот на попишаните Бугари во Република Албанија зависи количината на агресивност што ќе се врши врз нашата матична држава, Македонија за промена на Уставот и запишувањето на Бугарите како конститутивен народ во него, се наведува во соопштението.

Исто така, се посочува, свесни сме дека и кариерата на амбасадорот Ивајло Киров како дипломат „во голема мера ќе зависи од тоа колку Македонци ќе убеди за да си плукнат на македонското потекло”.

Затоа, иститот дели мобилни телефони, таблети во Требиште и лекови во Пустец, како и книги на бугарски јазик за македонските деца.

Македонското друштво „Илинден“-Тирана ја искажува својата разочараност од „ваквата активност на една членка на Европската унија бидејќи на овој начин покажува дека мешањето во целиот тек на пописот и неговата законитост се под знак прашалник”.

– Знаеме и тоа дека бугарската агресивност кон нас Македонците, кои не сакаме да газиме по сопственото македонско чувство, треба да ја запрат само институциите на државата во која живееме, Република Албанија. Македонците во Република Албанија не сакаат да поверуваат дека ваквите притисоци врз нив од страна на бугарскиот амбасадор Ивајло Киров ќе поминат без реакција од страна на албанската власт, се нагласува во соопштението.

Тие очекуваат реакција и од Европската унија.

– Очекуваме сериозна реакција и од Европската унија кон својата членка, Бугарија, поради беспримерното нарушување на законското и непречено одвивање на пописот во Република Албанија. Доколку ваквите бесрамни екскурзии на Киров продолжат, тогаш Македонците во Република Албанија ќе имаат причина да се сомневаат во релевантноста на резултатите од овој попис, заклучува друштвото во соопштението потпишано од претседателот Никола Ѓурѓај и од Фатри Фетаху, претседател на огранокот за Голо Брдо.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ВОЗЕЛ ИАКО ИМАЛ ЗАБРАНА, А СЕ ДВИЖЕЛ И ВО СПРОТИВНА

09/11/2026
Македонија

МАЈКА СЕ ОБИДЕЛА ДА МУ ВНЕСЕ МАРИХУАНА НА СИНОТ ВО

09/11/2026
Македонија

СУДОТ ВО КОЧАНИ ГО ОДБИ БАРАЊЕТО НА ИВА МИХАИЛОВА Ќе

09/11/2026
Македонија

УНИВЕРЗИТЕТОТ ВО ШТИП ИМ ГИ СТАВИ ВО МИРУВАЊЕ РАБОТНИТЕ МЕСТА

09/11/2026
Македонија

КРИВА ПАЛАНКА БАРА ПОМОШ ОД ВЛАДАТА ДА ЗАПРЕ ТЕРОРОТ ОД

09/11/2026
Македонија

СТРПЕТЕ СЕ ДО ПОЛНОЌ, ГОРИВАТА ЗНАЧИТЕЛНО ЌЕ ПОЕВТИНАТ Дизелот ќе

09/11/2026
Македонија

СО СТУДЕНТСКИ ОБРОК ДО ПОПУСТИ ВО МАРКЕТИТЕ Владата предлага дополнителни

09/11/2026
Македонија

ХРВАТИТЕ ГО ПРЕПОРАЧУВААТ СКОПЈЕ ЗА ВИКЕНД-ПАТУВАЊЕ Од Старата чаршија и

09/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46672
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ВОЗЕЛ ИАКО ИМАЛ ЗАБРАНА, А СЕ ДВИЖЕЛ И ВО СПРОТИВНА НАСОКА Штипјанец меѓу осумтемина приведени

09/11/2026

Штипјанец на возраст од 40 години, кој имал активна забрана за управување со возило, бил фатен како вози, и тоа

МАЈКА СЕ ОБИДЕЛА ДА МУ ВНЕСЕ МАРИХУАНА НА СИНОТ ВО „ИДРИЗОВО“ Полицијата приведе 65-годишна скопјанка

09/11/2026

Шеесет и петгодишна скопјанка била лишена од слобода откако во пакетот што му го донела на синот, кој издржува затворска

СУДОТ ВО КОЧАНИ ГО ОДБИ БАРАЊЕТО НА ИВА МИХАИЛОВА Ќе ѝ се суди во отсуство

09/11/2026

Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка што се

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy