Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Мазнева барала вработените во ЈП „Комунална хигиена“ да го прекинат протестот, им ветила и К15
Македонија

Мазнева барала вработените во ЈП „Комунална хигиена“ да го прекинат протестот, им ветила и К15

09/07/2023

AA

Во Полициска станица Гази Баба синоќа околу 23.00 часот е пријавено дека во јавно претпријатие на подрачјето на Гази Баба дел од вработените пред капијата одржуваат протест. Полициски службеници излегле на лице место, при што било констатирано дека околу 50 лица протестираат, потврдија од МВР во врска со протестот на вработени во ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје.

Исто така, на 09.07.2023 околу 01.30 часот е пријавено дека дел од вработените ги попречуваат влезот во претпријатието и останатите вработени во извршувањето на работните обврски. Од МВР информираат дека е известен јавен обвинител.

Инаку, вработените во ЈП „Комунална хигиена“ синоќа излегоа на протест со барања за повисоки плати и враќање на отпуштените колеги од работа.

На протестот се појавила директорката на ЈП Комунална хигиена-Скопје, Косана Николиќ Мазнева и побарала работниците да го прекинат штрајкот и да се вратат на работа. Таа им вети на вработените дека ќе добијат К 15, но нагласи дека мора да се почитуваат зкаоните.

Директорката Мазнева порачала дека разговорите ќе продолжат од понеделник.

Вработените во „Комунална хигиена“ веќе неколку дена протестираат и бараат повисоки плати, подобри услови, исплата на К15 и враќање на отпуштените колеги од работа.

Директорката на ЈП Комунална хигиена-Скопје, Косана Николиќ Мазнева вчера на прес-конференција информира дека нема да дозволи политички центар да ја контролира работата на ова претпријатие и дека се поднесени пријави до МВР и до Обвинителството за заканите по живот кон неа и кон други вработени.

Во меѓувреме, од скопските општини Центар и Аеродром, по реакција од граѓаните побараа од надлежните итно да нјадат соодветно решение за собирање на сметот.

Голем број граѓани се пожалиле поради нехигиената и неподносливата миризба која се шири поради преполните контејнери по булеварите и улиците на главниот град.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ВИКЕНДОТ ЌЕ ПОМИНЕ ВО ЗНАКОТ НА ДОЖДОТ Најобилни врнежи се

30/10/2026
Македонија

БРВЕНИЦА ДА БИДЕ ОПШТИНА ЗА СИТЕ, ПОРАЧА РАДИЧЕВСКИ Водоснабдувањето, патиштата

30/10/2026
Македонија

МИЦКОСКИ ОД БРВЕНИЦА ПОВИКА ДА СЕ ЗАОКРУЖИ БРОЈОТ 1 На

30/10/2026
Македонија

УКИНАТИ ПРЕСУДИТЕ ЗА ПОЖАРОТ ВО КОЈ ЗАГИНАА 14 ПАЦИЕНТИ Повторно

30/10/2026
Македонија

УАПСЕН ТУРЧИН БАРАН ЗА УБИСТВО ВО МАКЕДОНИЈА Полицијата го фати

30/10/2026
Македонија

📷 ЈАНЕВСКА ПОКАЖА КАКО ЖИВЕЕЛЕ СТУДЕНТИТЕ ВО ВРЕМЕ НА СДСМ,

30/10/2026
Македонија

МАЛИТЕ СИПАНИЦИ СЕ ЗАКАНА, ИЈЗ БАРА ПОГОЛЕМА ПРЕТПАЗЛИВОСТ Апел до

30/10/2026
Македонија

ПРОДОЛЖУВА ИСТРАГАТА ЗА ДВЕТЕ УБИСТВА ВО СКОПЈЕ За четворицата осомничени

30/10/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46467
  • Регион 3999
  • Свет 19
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ВИКЕНДОТ ЌЕ ПОМИНЕ ВО ЗНАКОТ НА ДОЖДОТ Најобилни врнежи се очекуваат во недела и во

30/10/2026

Променливо облачно време со повремени врнежи од дожд нè очекува во следните денови. Дождот ќе биде поизразен попладне и во

БРВЕНИЦА ДА БИДЕ ОПШТИНА ЗА СИТЕ, ПОРАЧА РАДИЧЕВСКИ Водоснабдувањето, патиштата и младите меѓу приоритетите

30/10/2026

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на општина Брвеница, Стојанчо Радичевски, на завршниот митинг пред вториот круг од локалните избори повика

МИЦКОСКИ ОД БРВЕНИЦА ПОВИКА ДА СЕ ЗАОКРУЖИ БРОЈОТ 1 На Македонија ѝ требаат успеси, резултати

30/10/2026

Брвеница заслужува развој, заслужува сигурност, заслужува иднина во која младите ќе остануваат, семејствата ќе напредуваат, а секој човек, без оглед

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy