
Мажи се пресметаа со нож на настан во Тетово, едно лице заврши во болница
Вчера, непосредно пред митингот на градоначалникот на Тетово, Билал Касами, во близина на местото на одржувањето настанала физичка пресметка со употреба на нож, при што едно лице е тешко повредено и пренесено во Клиничката болница во Тетово.
Според информации од извори во болницата, повредениот млад човек задобил повеќе убодни рани, за кои биле потребни хируршки интервенции и шиење на раните, но за среќа не се наоѓа во животна опасност.
Инцидентот се случил во блиска околина на настан на градоначалникот, каде според првичните информации, се случила расправија која прераснала во тепачка со ножеви. Освен тешко повредениот, уште едно лице било полесно повредено во истата пресметка.
Надлежните органи се на терен и работат на расчистување на случајот, а мотивите за инцидентот засега не се познати.
