
Маж се давел во река, минувачите немо го гледале, а некои од нив правеле и селфи
Според пишувањата на социјалните мрежи, никој од минувачите не му помогнал на човекот, но некои од нив правеле селфи додека се одвивал инцидентот.
Неименуван маж паднал во вода во четвртокот вечерта во познат синџир хотели во Северен Јоркшир, Велика Британија, но кога почнал да се дави и повикал помош, никој немало да му помогне.
Толпа луѓе гледале како маж се удави во реката Уз во Северен Јоркшир, Велика Британија, но никој од нив не дошол на помош на човекот и го спасил, пишува Independent.
Според пишувањата на социјалните мрежи, никој од минувачите не му помогнал на човекот, но некои од нив правеле селфи додека се одвивал инцидентот.
“Дали би бил случаен минувач или спасувач? Двајца полицајци спасија човек од реката Уз во Јоркшир. Многу ни е мило што можевме да помогнеме, но она што го видовме не загрижи. Повеќето луѓе го гледаа инцидентот од мостот, но не еден не се ни обидел да му фрли појас за спасување“, велат од полицијата.
Во соопштението се наведува дека многу блиску до местото на настанот биле достапни два плутачки направи, па спасувањето на давеникот било многу брзо. Набрзо на местото на настанот пристигнал пожарникар кој го извлекол мажот од реката, а потоа бил пренесен во болница.
