
Маж преживеа напад на крокодил така што го гризнал
Австралиски фармер вели дека има среќа што е жив откако го одбрани крокодил каснувајќи го, пренесува Би-Би-Си.
Колин Деверо бил во болница еден месец откако бил каснат од слатководен крокодил од 3,2 метри во Северната Територија.
Тој за ABC News опиша како преживеал гризејќи го очниот капак на животното.
Неговата битка за живот и смрт се случи минатиот месец во притоката на реката Финис во која влегол за да фати риба.
Во тој момент крокодилот му скокна на ногата и го затресе „како кукла“, изјави Деверо.
„Случајно му го фатив очниот капак со забите. Беше многу тешко, како да ја гризев кожата. Почнав да го влечам, па ме пушти“, рекол фармерот кој успеал да стигне до автомобилот.
Со крпа и јаже го запрел крварењето од ногата, а брат му го пренел во болница оддалечена 130 километри.
„Да ме гризеше за друг дел од телото, се ќе беше поинаку“, изјави Деверо.
Според локалната власт, крокодилите се заштитен вид и како туристичка атракција се важни за тој дел од Австралија.
