
Маж од Росоман со алат одземал фотоволтаични панели од нива!
На 13.02.2026 во 10:10 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода П.Ј.(33) од Росоман.
Тој се сомничи дека од нива во село Крушевица, општина Росоман, со подесен алат одзел фотоволтаични панели.
Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот. П.Ј. бил приведен во полициска станица и по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.

