
Маж и жена отишле на одмор на Карибите, а биле пронајдени мртви на рајска плажа
Брачна двојка во пензија од Велика Британија била пронајдена мртва на плажа во Гренада додека биле на одмор.
Парот бил пронајден на рајска плажа на островот Кариак во саботата, но медиумите ја објавија информацијата за настанот дури неколку дена подоцна.
Полицијата соопшти дека 76-годишен маж бил прогласен за мртов на местото на настанот, откако бил пронајден како лежи на песок. Неговата сопруга (77) итно била пренесена во болницата на островот, каде лекарот подоцна констатирал смрт, пренесува Sky news.
Полициските сили на Кралската Гренада го идентификуваа парот како Дејвид Џон Фостер и Розалин Фостер.
Локалните медиуми неофицијално дознаваат дека првичните информации укажуваат дека се работи за давење.
Сепак, се уште нема официјална потврда за тоа што се случило.
Локалната полиција врши увид и ќе биде извршена обдукција.
