Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 МАЖ ЈА ИЗБРКАЛ ЖЕНАТА ОД ДОМА, СИН НАПАДНАЛ ТАТКО Полицијата има полни раце работа со пријавите за семејно насилство
Македонија

МАЖ ЈА ИЗБРКАЛ ЖЕНАТА ОД ДОМА, СИН НАПАДНАЛ ТАТКО Полицијата има полни раце работа со пријавите за семејно насилство

20/04/2026

AA

Лишени од слобода се четири лица, а поднесени се 8 пријави за семејно насилство во текот на вчерашниот ден, соопшти полицијата.

На 18.04.2026 во 22:05 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода С.С.(34) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом на подрачјето на Гази Баба во Скопје во периодот од 2024 година до 18.04.2026 често упатувал закани кон неговиот 62-годишен татко, постојано му вршел психичко и физичко малтретирање, а неколкупати замавнувал ѝ со остар предмет кон него.

На 18.04.2026 во 11:30 часот во СВР Скопје, 38-годишна жена од Скопско пријавила дека во периодот од март 2025 година до 18.04.2026, нејзиниот поранешен сопруг П.Г. преку социјална мрежа ѝ упатувал заканувачки пораки кон неа и нејзиното семејство. Според пријавеното, тој претходно ја малтретирал и психички и физички.

На 18.04.2026 во 07:00 часот во СВР Скопје, 50-годишна жена од Скопско пријавила дека околу 04:30 часот во семејниот дом на подрачјето на општина Петровец била физички нападната од нејзиниот сопруг И.Б.(56), кој притоа ѝ упатувал закани, оштетил дел од покуќнината и ја избркал од домот. Таа ѝ претходно била психички и физички малтретирана од нејзиниот сопруг, но досега не пријавувала. Полициски службеници извршиле службен разговор со пријавениот.

На 18.04.2026 во 02:15 часот, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Б.М.(37) од Охридско. Претходниот ден околу 21 часот во семејниот дом тој физички ја нападнал неговата 37-годишна сопруга, а подоцна со остар предмет ѝ се заканувал нејзе и на нивните пријатели Д.П. и К.К.. Против него е поднесена кривична пријава, а судија на претходна постапка му определи мерка притвор во траење од осум дена.

На 18.04.2026 во СВР Охрид, полициски службеници извршиле службен разговор со З.С.(48) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека на 16.04.2026 се заканувала на нејзиниот 47-годишен сопруг, а на 18.04.2026 физички го нападнала на неговото работно место.

На 18.04.2026 во 18:50 часот во ОВР Дебар, 47-годишник од Дебар пријавил дека во семејниот дом бил физички нападнат од неговиот син Џ.Н.(21), лице со здравствени проблеми и кој подоцна е пренесен здравствена установа.

На 18.04.2026 во 20:15 часот, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода Т.Д.(52) од Кичево, постапувајќи по претходна пријава дека во неколку наврати во текот на денот се јавувал на неговата 48-годишна сопруга и ја вознемирувал неа и нејзината мајка и покрај тоа што од Основен суд Кичево имал забрана да ги контактира двете.

На 18.04.2026 во 16:30 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Е.М.(41) од гостиварско село, постапувајќи по претходна пријава дека преку телефонски повици и социјални мрежи упатувал закани на неговата поранешна 35-годишна партнерка. Истовремено, неговата сопруга А.М.(40) пријавила дека поранешната партнерка на нејзиниот сопруг на социјална мрежа објавувала содржини со кои ги злоупотребила нејзините лични податоци и упатувала навреди кон нејзиното семејство.

Полицијата соопшти дека презема мерки за расчистување на случаите и по нивно целосно документирање против сторителите ќе  поднесе соодветни пријави.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ВЛАДАТА БАРА ЈАСНИ ГАРАНЦИИ ДЕКА НЕМА ДА ИМА НОВО ВЕТО

08/10/2026
Македонија

ВЛАДАТА Е ИЗБРАНА ЗА МАНДАТ ОД 4 ГОДИНИ, НО НЕ

08/10/2026
Македонија

СЛЕДУВААТ НЕКОЛКУ НЕСТАБИЛНИ ДЕНОВИ Во недела поројни дождови, во вторник

08/10/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ ЛАЖЕ, ФОН ДЕР ЛАЈЕН ГО ДЕМАНТИРАШЕ СО ИЗЈАВАТА Реформите

08/10/2026
Македонија

ЛИЧНА КАРТА И ВОЗАЧКА ДОЗВОЛА НА МОБИЛЕН ОД 28 ОКТОМВРИ

08/10/2026
Македонија

ЛОКАЦИЈАТА ЗА ДАТА-ЦЕНТАРОТ Е ИЗБРАНА, КАМЕН ТЕМЕЛНИК ДОГОДИНА Поплавата во

08/10/2026
Македонија

НЕ СЕ ТИЕ АЛТЕРНАТИВАТА, ТИЕ ЈА ВИТКАА КИЧМАТА Седум години

08/10/2026
Македонија

ХРВАТСКА, ШВАЈЦАРИЈА И РОМАНИЈА ПРИФАТИЛЕ РЕШЕНИЈА ЗА МАКЕДОНСКИТЕ ПРЕВОЗНИЦИ Николоски

08/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46069
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ВЛАДАТА БАРА ЈАСНИ ГАРАНЦИИ ДЕКА НЕМА ДА ИМА НОВО ВЕТО Бугарија праќа мешани пораки за

08/10/2026

Бугарија ја упатува Македонија да го решава проблемот со уставните измени во Брисел, но кога македонската Влада ќе предложи разговори

ВЛАДАТА Е ИЗБРАНА ЗА МАНДАТ ОД 4 ГОДИНИ, НО НЕ СЕ ПЛАШИ ОД ИЗБОРИ Левица,

08/10/2026

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски при гостување на телевизијата Алсат М, прашан дали ќе има предвремени избори, уште еднаш повтори

СЛЕДУВААТ НЕКОЛКУ НЕСТАБИЛНИ ДЕНОВИ Во недела поројни дождови, во вторник снег на планините

08/10/2026

Времето во петок, 9 октомври, ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа ќе има услови за

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy