Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 МАСОВНО СЕ ПАТУВА ВО СТРАНСТВО – граѓаните дома нејќат да се возат со автобус, ама кога патуваат надвор не им пречи
Економија

МАСОВНО СЕ ПАТУВА ВО СТРАНСТВО – граѓаните дома нејќат да се возат со автобус, ама кога патуваат надвор не им пречи

22/05/2025

AA

Додека интересот
за патување со автобуси низ земјава се намалува и граѓаните се помалку ги
користат нивните услуги, голем дел од населението се почесто патува во
странство, било да е тоа со редовните линии или пак преку специјални понуди и
разни излетнички понуди.

Државниот завод
за статистика објави најнови податоци за превезените патници во нашата земја.
Согласно нивните податоци, во
првото тримесечје од 2025 година бројот на превезени патници во патничкиот
патен превоз е намален за 8,6 отсто во однос на истото
тримесечје од претходната година.

Но, деталите
откриваат дека, иако генерално има пад на бројот на превезени патници, кај превозот
на патници надвор од границите на нашата земја нивиот број значително пораснал.

– 
Во
првото тримесечје од 2025 година, вкупниот број на превезените патници во
патничкиот патен превоз изнесува 9.845 илјади и е намален за 8,6 проценти во
однос на првото тримесечје од 2024 година, и тоа: во градскиот превоз е намален
за 12,4 отсто, во приградскиот превоз е намален за 6,3 проценти, додека во меѓуградскиот
превоз е зголемен за 0,8 отсто. Во меѓународниот превоз е зголемен за 54,9 проценти
– се посочува во соопштението на ДЗС.

Податоците откриваат дека вкупниот број на
патничките километри е 247.877 илјади и е зголемен за 27,6 отсто во однос на
истиот период од претходната година, и тоа во градскиот превоз е зголемен за 30,5
отсто, во приградскиот превоз е зголемен за 7,2 проценти, во меѓуградскиот
превоз е намален за 5,2 отсто, додека во меѓународниот превоз зголемувањето
изнесува 62,6 отсто.

Бројките
покажуваат дека има раст и кај редовните линии и кај специјалните тури како што
се екскурзиите, шопинг турите или пак туристичките тури…

Притоа може да се забележи дека во првиот квартал
од 20204 година биле превезени 69 илјади патници, додека во првиот квартал оваа
година нивниот број достигнал 107 илјади патници.

Податоците на ДЗС покажуваат дека голем раст на
бројот на превезени патници имало уште во претходниот квартал. Имено, во
четвртиот квартал од 2024 година, иако имало намалување на вкупниот број на
патници, кај меѓународниот превоз бројот на патници пораснал за 100 отсто.

Официјално
бројките покажуваат дека во
четвртото тримесечје од 2024 година бројот на превезени патници во патничкиот
патен превоз е намален за 1,6 отсто во однос на истото
тримесечје од претходната година. Притоа вкупниот број на
превезените патници изнесувал 10.989 илјади. Притоа кај градскиот превоз имало раст од само 0,3 проценти, приградскиот превоз се намалила за 8,2 проценти, додека меѓуградскиот
превоз бил зголемен за 5,9 отсто. Сепак, според ДЗС бројот на патници
во меѓународниот превоз е зголемен
за 100,5 проценти.

Конкретно кога
станува збор за меѓународниот превоз, во четвртиот квартал 2023 година биле
превезени 116 илјади патници, додека четвртиот квартал минатата година 232
илјади патници.

П.О.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Оставка во Шутка: Директорот Бобан Утковски се повлекува од функцијата

09/09/2026
Македонија

Бугарија заплени опасни пиперки и грозје од Македонија и Турција

09/09/2026
Македонија

Нафтата го проби прагот од 100 долари за барел: РКЕ

09/09/2026
Македонија

Скандал во Советот на Град Скопје: Разрешен Училишниот одбор на

09/09/2026
Македонија

Македонските ученици со нов пад – математиката им е најслаба

09/09/2026
Македонија

Сопственикот на „Пулс“ за неполн месец излегува од притвор

09/09/2026
Македонија

Сеопфатното сексуално образование оди на ревизија, МОН го повлече предметот

09/09/2026
Македонија

Ангелов: Нема алармантни пожари, но опасноста од нови разгорувања останува

09/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45596
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Оставка во Шутка: Директорот Бобан Утковски се повлекува од функцијата

09/09/2026

Директорот на КПУ Затвор „Скопје“ во Шутка, Бобан Утковски, поднесе оставка од својата функција. Документот за повлекување веќе е доставен

Бугарија заплени опасни пиперки и грозје од Македонија и Турција

09/09/2026

Бугарската агенција за безбедност на храната (BFSA) го суспендираше пристапот до пазарот на ЕУ за две пратки – едната со

Нафтата го проби прагот од 100 долари за барел: РКЕ в понеделник со нови цени,

09/09/2026

Цените на нафтата на светските берзи драматично растат како резултат на ескалацијата на тензиите на Блискиот Исток. Суровата нафта „Брент“,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy