
Масовно пукање по финалето на НБА во Денвер, најмалку девет лица повредени
Најмалку девет лица се повредени во масовно пукање во Денвер, соопшти локалната полиција. Според првичните извештаи, биле испукани повеќе истрели за време на расправија во која учествувале неколку лица, објави полициската управа на Денвер на Твитер.
Од деветте застрелани, тројца се во критична состојба, а се верува дека останатите се надвор од животна опасност, соопшти полицијата. Застрелан е и осомничениот за пукањето.
Пукањето се случи неколку часа откако Денвер Нагетс ја освоија својата прва НБА титула во понеделникот вечерта во Денвер, но не беше јасно дали пукањето е поврзано со прославата во градот. Полицијата соопшти дека спроведува „комплексна истрага“.
Насилството во близина на центарот на Денвер е едно од најмалку 290 масовни престрелки во САД оваа година, според Архивата за огнено насилство, која го дефинира масовното пукање како пукање во кое се застрелани четири или повеќе лица, со исклучок на вооружениот напаѓач.