Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Маскирани упаднале за време на молитва: Објавена страшна снимка од црквата во Истанбул, Ердоган вети: Ќе ги најдеме за 24 часа!
Македонија

Маскирани упаднале за време на молитва: Објавена страшна снимка од црквата во Истанбул, Ердоган вети: Ќе ги најдеме за 24 часа!

28/01/2024

AA

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изрази сочувство до католичката заедница во Истанбул во врска со нападот на црквата во кој загина едно лице и најави дека ќе бидат преземени неопходните чекори за апсење на убијците.

– За жал, ваквите убијци се појавуваат насекаде и ги тераат невините луѓе да ја платат цената. Ги мобилизиравме сите ресурси на полицијата. Верувам дека за кратко време сторителите ќе бидат фатени. Ќе ги најдеме во рок од 24 часа – рече претседателот на Турција.

Ердоган телефонски разговарал со локалните власти и со свештеникот на католичката црква каде се случил вооружениот напад.

Турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја претходно изјави дека нападот на католичката црква Света Марија во истанбулскиот кварт Сариер се случил за време на верска служба и дека едно лице е убиено.

Тој изјави дека нападот го извршиле две маскирани лица кои наводно учествувале во службата.

Непосредно пред нападот, безбедносните камери пред црквата снимиле две маскирани лица како се движат покрај зградата, пишува „Хуриет“.

Полицијата истражува дали осомничените на сликите се поврзани со нападот.

Објавена е снимка од моментот на нападот

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Огнот над Моране сѐ уште активен, наутро жестока офанзива од

12/08/2026
Македонија

ПОЧИНА СРНАКОТ МАРТИН: По долга борба за живот, активистите упатија

12/08/2026
Македонија

Пожарот од Моране: Противпожарните екипи остануваат на терен во текот

12/08/2026
Македонија

Повеќе лица повикани во полиција по ширењето информации за наводна

12/08/2026
Македонија

Пожар го зафати подрачјето кај Манастирски Доленци, се бара помош,

12/08/2026
Македонија

Авантура од 1.974 километри: Иван и Спасе ќе го освојуваат

12/08/2026
Македонија

Општината требало да реагира откако „Пулс“ бил нелегално пренаменет –

12/08/2026
Македонија

Изречена првата казна за напуштање новородени животни: Скопјанец ќе плати

12/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44989
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трагедија во Истанбул: 19-годишник ја застрелал својата 18-годишна бремена свршеница

27/06/2025

Деветнаесетгодишник ја застрелал и убил својата 18-годишна вереница, која била бремена пет месеци, во истанбулскиот кварт Саријер, а потоа избегал

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy