Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 МАШИНСКИОТ ПЕРСОНАЛ НА МЖ СТАПИ ВО БОЈКОТ Не заминаа попладневните возови за Битола и за Гевгелија
Македонија

МАШИНСКИОТ ПЕРСОНАЛ НА МЖ СТАПИ ВО БОЈКОТ Не заминаа попладневните возови за Битола и за Гевгелија

01/12/2025

AA

Машинскиот извршен персонал од денеска од 13 часот стапи во бојкот што значи дека вработените ќе доаѓаат на работа, но нема да ги извршуваат работните обврски. Поради бојкотот, во прекин е патничкиот железнички сообраќај, односно возот за Битола не замина а, според најавите, нема да замине ниту возот за Гевгелија.

Од Синдикатот на машиновозачи велат дека бојкотот може да потрае бидејќи менаџерскиот тим на претпријатието нема слух за нивните барања. Очекуваат менаџерскиот тим да ги повика на средба и да разговараат за барања.

– Имаме вкупно 15 барања кои на 2 октомври ги доставивме до менаџерскиот тим. Ни беше одговорено два месеца подоцна односно на 28 ноември, во петокот добивме одговор со образложение дека претпријатието се наоѓа во тешка финансиска состојба и нема доволно средства за нашите барања – вели во изјава за МИА претседателот на Синдикатот на машиновозачи и претставник на машинскиот извршен персонал Тони Димовски.

Дел од барањата се исплата на прекувремените часови, а за оние кои направиле над 150 прекувремени часови да им биде исплатена бонус плата, покачување на коефициентот за 0.80 поради зголемени животни трошоци, исплата на 10 отсто на плата за вонредно повикување на работа…

Димковски посочува дека дел од барањата се однесуваат на сите вработени, а дел на машиновозачите. Станува збор за вкупно 603 вработени. Од нив 46 се активни машиновозачи и околу 30 помошници.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Осумдневен притвор за Словенец кој физички ја нападнал девојката во

27/07/2026
Македонија

Истрага против четири лица во Скопје за дрога – запленети

27/07/2026
Македонија

Собранието го усвои Дополнителниот ребаланс на Буџетот за 2026: Повеќе

27/07/2026
Македонија

Цените на нафтата значително паднаа

27/07/2026
Македонија

Два случаи на семејно насилство во Скопје: Синови ги претепале

27/07/2026
Македонија

МВР викендов казни над 1.300 возачи – најмногу за брзо

27/07/2026
Македонија

ИЈЗ: Осум случаи на западнонилска треска регистрирани годинава во Македонија

27/07/2026
Македонија

Водата во Маврово не е безбедна за пиење

27/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44697
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Осумдневен притвор за Словенец кој физички ја нападнал девојката во Охрид

27/07/2026

Дваесет и осумгодишен словенечки државјанин со иницијали К.Г. заврши во притвор откако физички ја нападнал својата девојка за време на

Истрага против четири лица во Скопје за дрога – запленети над 7 килограми марихуана и

27/07/2026

Основното јавно обвинителство Скопје нареди да се спроведуваат истражни постапки против вкупно четири лица кај кои во текот на викендот

Собранието го усвои Дополнителниот ребаланс на Буџетот за 2026: Повеќе пари за инвестиции, земјоделство и

27/07/2026

Собранието денеска го усвои Дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2026 година со кој се обезбедуваат повеќе средства за развој и

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy