Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „МАШИНИ КОИ СЕ БОРАТ СО ТОВАРОТ НА ВРЕМЕТО, ЈАГЛЕН КОЈ Е ДАЛЕКУ ОД КВАЛИТЕТ“: Божиновска констатираше лоша состојба во РЕК Осломеј
Економија

„МАШИНИ КОИ СЕ БОРАТ СО ТОВАРОТ НА ВРЕМЕТО, ЈАГЛЕН КОЈ Е ДАЛЕКУ ОД КВАЛИТЕТ“: Божиновска констатираше лоша состојба во РЕК Осломеј

30/11/2024

AA

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања
Божиновска, ја посети термоелектраната Осломеј кај Кичево, еден од клучните
енергетски капацитети во земјата. Посетата е дел од заложбите на министерката
редовно да ги посетува енергетските објекти со цел директно да се увери во
состојбите на терен и да ја забрза транзицијата која ќе донесе енергетска
стабилност и независност.

„Состојбата што ја затекнавме е лоша и тоа нема да го криеме. Но, она
што можам да кажам е дека се вложуваат максимални напори, а понекогаш и
невозможното, за да ги стабилизираме капацитетите. Со ангажман на нашите
стручни лица и новиот менаџмент, веќе гледаме позитивни резултати.“ изјави
министерката Божиновска.

Министерката ја дочекаа претставници на раководниот тим на ЕСМ и
директорите на РЕК Осломеј, кои детално ја информираа за моменталните состојби,
како и за затекнатите состојби во комбинатот по смената на раководствата.
Божиновска направи обиколка низ електраната, вклучувајќи ја машинската зграда,
турбината, и локацијата на котелот и блок-командата.

„Машини кои се борат со товарот на времето, јаглен кој е далеку од
квалитетот што би го поддржал производството, и техничка опрема која итно бара
замена. Ова е само дел од катастрофалната состојба во која е оставен РЕК
Осломеј. Но, покрај предизвиците, тука има и нешто друго – посветени луѓе кои
одбиваат да се предадат, и планови за трансформација кои ветуваат нова ера.“
истакна Божиновска.

Директорот на РЕК Осломеј, Сашо Вренцоски, информираше дека, иако
соочени со исцрпени резерви на јаглен, затекната катастрофална состојба,
неизвршен ремонт на термоелектраната, половина од деловите потребни за
вклучување во производство нефункционални, сепак РЕК Осломеј успеа речиси
половина месец да помогне во обезбедување енергија за електроенергетскиот
систем за постабилна грејна сезона за сите граѓани во Македонија.

„Благодарение на заедничките напори на новиот менаџмент и вработените,
успеавме според можностите и краткиот период за подготовки да го оспособиме
капацитетот, да го вклучиме во електроенергетскиот систем со цел да го зголеми
домашното производство на електрична енергија. Доколку имаме дотур на јаглен,
се надеваме дека термоелектраната ќе биде во можност да одговори на
предизвиците и да помогне во текот на претстојните зимски месеци.“ истакна
Вренцоски.

Божиновска изрази желба да разговара дирекно со
вработените и од нив да чуе со што се соочуваат. Вработен, со 40 годишно
работно искуство токму во оваа централа, со ист елан како и на почетокот на
својата кариера, ја информираше министерката дека морале да го користат сето
свое искуство и знаење за да го извлечат најдоброто од лошиот јаглен кој им бил донесен претходно, и кој сè уште го користат
бидејќи мораат да ги дотрошат залихите како би и заштедиле на државата. Вели
заедно со колегите успеале барем да ги ублажат последиците врз дотраените
машини, и спречиле нивно неповратно оштетување, но апелираше до министерката да
се заложи за строги контроли каков јаглен се набавува.

Божиновска му се заблагодари за 40 годишната посветена работа и ги увери
вработените дека времето на расипништво, договори во 4 очи и негрижа за
капацитетите витални за граѓаните на целата земја, е завршено и тоа не само што
нема повеќе да се дозволи туку и најостро ќе се санкционира.

Министерката ја посети и лабораторијата каде беше информирана дека во
таа установа ги имаат најточните резултати за составот на јагленот кој го
испитуваат, и ѝ порачаа на министерката да не се сомнева во нивните резултати.
„Ние си го знаеме и комбинатот и јагленот и нашите стари машини, а со новата
апаратура која неодамна ја добивме сега сме уште попрецизни, а ако добиеме
помодерна пак, ќе нема попрецизни од нас“ се пофалија вработените во
лабораторијата.

Министерката изрази желба,наместо работен
состанок со раководството во канцелариите, да им се придружат на вработените во мензата каде освен што минаа повеќе време
со вработените, се дискутирашеза предизвиците за тековната
грејна сезона и долгорочните планови за трансформација на капацитетите.
Министерката Божиновска ја истакна важноста на амбициозните инвестиции во чиста
енергија:

Директорот за развој и инвестиции Владимир Пејоски ги претстави
плановите за 2025 година, истакнувајќи дека трансформацијата е во тек. „Градиме
нови капацитети за обновлива енергија. Пред неколку дена објавивме оглас за
изведувач на изградба на две фотоволтаични централи ФЕЦ Осломеј 2 и ФЕ Битола 1
со вкупна инсталирана моќност од 30 MW. Работиме и на физибилити студии за
проекти кои ќе донесат уште поголема енергетска независност.“ рече Пејоски.

„Наша обврска е да се соочиме со реалноста, но и да покажеме дека со
работа и визија, можеме да ја смениме таа реалност. Ќе продолжам редовно да ги
посетувам енергетските објекти низ Македонија за да добијам директен увид во
состојбите и да осигурам дека секој вложен напор носи конкретни резултати. Само
со домаќинско работење, професионалност и посветеност ќе ја обезбедиме
енергетската стабилност и независност што нашите граѓани ја заслужуваат.“
истакна Божиновска на крајот на посетата.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

МИЦКОСКИ ТВРДИ ДЕКА ПЕНЗИИТЕ СЕ СИГУРНИ Нема проблеми со пензискиот

29/10/2026
Македонија

ОБЛАЦИ, ДОЖД И ПАД НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ Македонија влегува во студен

29/10/2026
Македонија

НЕМА НИТУ ЕДНА АФЕРА ПОВРЗАНА СО ВЛАДАТА Мицкоски вели дека

29/10/2026
Македонија

ОПОЗИЦИЈАТА РАБОТИ ПРОТИВ ДРЖАВНИТЕ ИНТЕРЕСИ Василевска со обвинувања за политиките

29/10/2026
Македонија

ОПЕРАЦИИ НА ОЧИ, ДВОЈНА НАПЛАТА И ШТЕТА ОД 1,7 МИЛИОНИ

29/10/2026
Македонија

ВО БИТОЛА ИЗВАДЕНИ НАД 1.700 РАЧНИ БОМБИ И МИНИ ОД

29/10/2026
Македонија

СТУДЕНТСКИОТ ОБРОК МОЖЕ ДА СЕ ЗГОЛЕМИ НА 4.500 ДЕНАРИ МЕСЕЧНО

29/10/2026
Македонија

ДИГИТАЛНОТО ЛЕГИТИМИРАЊЕ ЌЕ ПОЧЕКА ДО ЕДНА ГОДИНА Потребно е да

29/10/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46446
  • Регион 3999
  • Свет 19
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

МИЦКОСКИ ТВРДИ ДЕКА ПЕНЗИИТЕ СЕ СИГУРНИ Нема проблеми со пензискиот фонд и исплатата

29/10/2026

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека нема проблеми во одржувањето на пензискиот фонд и исплатата на пензиите. Сепак, смета, треба да

ОБЛАЦИ, ДОЖД И ПАД НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ Македонија влегува во студен и врнежлив ноември

29/10/2026

Променливо облачно време, повремени врнежи од дожд и постепено заладување ја очекуваат Македонија во наредните три дена. Врнежи се најавуваат

НЕМА НИТУ ЕДНА АФЕРА ПОВРЗАНА СО ВЛАДАТА Мицкоски вели дека политиките кои ги води се

29/10/2026

Премиерот вели дека Владата е фокусирана на проекти, дека ја зголемила борбата против криминалот и дека ги брани државните интереси.

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy