Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „Марш на ангелите“ во Кочани: Правдата што доцни е неправда – граѓаните бараат итни одговори за трагедијата
Македонија

„Марш на ангелите“ во Кочани: Правдата што доцни е неправда – граѓаните бараат итни одговори за трагедијата

24/01/2026

AA

Под силен емотивен притисок и со порака дека трпението на граѓаните е при крај, во Кочани се одржа протестниот „Марш на ангелите“. Собирот е директен одговор на молчењето на институциите по трагедијата која однесе 63 животи, а за која истрагата сè уште тапка во место.

Од говорницата беше упатена остра критика до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал (ОЈО ГОКК), со обвинување дека постапката започната на 12 јуни 2025 година намерно се одолговлекува.

„Месеци слушаме дека истрагата е во завршна фаза, а одлука сè уште нема. Во трагедија од вакви размери, секое доцнење е неправда. Бараме рок, одлука и одговорност!“ – порачаа организаторите.

Граѓаните се децидни дека нема да дозволат случајот со 63-те жртви да стане „уште една затурена папка“ во судските архиви.

На протестот беше отворено и прашањето за еднаквоста пред законот. Учесниците јавно запрашаа како е можно лица поврзани со истрагата или споменувани во јавноста како осомничени, непречено да отуѓуваат имот.

„Правдата што доцни, не е правда,“ беше клучната порака на маршот, со најава дека Кочани ќе продолжи со протести сè додека виновниците не се соочат со законот.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Петровска на 31. Конгрес: СДСМ ќе исчезне, ако не се

24/01/2026
Македонија

ЗЛОУПОТРЕБЕН И ФОТОШОПИРАН ЛИКОТ НА АДВОКАТАТА ИВАНА КОЦЕВСКА НА МАРШОТ

24/01/2026
Македонија

Адвокатката Коцевска со реакција на протест во Кочани: Досегашната воздржаност

24/01/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ НЕ СЕ ОГРАДИ ОД КРИМИНАЛОТ НА КЛАНОТ ДУБАИ Од

24/01/2026
Македонија

ЗА САМО 2 ДЕНА ГРАЃАНИТЕ ГО СМИРИЛЕ СВОЕТО ВОЗЕЊЕ Топаловски

24/01/2026
Македонија

„Марш на ангелите“ во Кочани: Правдата што доцни е неправда

24/01/2026
Македонија

Се бара притвор за кумановецот кој во куфер носеше над

24/01/2026
Македонија

ПУКАЛ КОН ВОЗАЧОТ, ПА ЈА ГРАБНАЛ СОПАТНИЧКАТА Охриѓанец ќе одговара

24/01/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 40580
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Петровска на 31. Конгрес: СДСМ ќе исчезне, ако не се промениме!

24/01/2026

Славјанка Петровска, поранешна министерка и истакнат член на СДСМ, на денешниот 31. Конгрес на партијата упати силни пораки за итна

ЗЛОУПОТРЕБЕН И ФОТОШОПИРАН ЛИКОТ НА АДВОКАТАТА ИВАНА КОЦЕВСКА НА МАРШОТ ЗА АНГЕЛИТЕ Таа побара заштита

24/01/2026

Во Кочани денеска се одржа Марш за ангелите на кој демонстрантите во првиот ред носеа транспарент со ликот на адвокатката

Адвокатката Коцевска со реакција на протест во Кочани: Досегашната воздржаност веќе не е можна поради

24/01/2026

Адвокатката Ивана Коцевска, која е бранител на сопственикот Дејан Јованов – Деко за страшниот пожар во Кочани каде загинаа 63

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy