
Марсеј по четири кикса конечно победи во Лига 1
Пјер Емерик Обамејанг во осмата минута погоди од пенал за водство од 1-0, а Рен се обиде до крајот на првиот дел да израмни, меѓутоа не ги искористи своите шанси.
Марсеј го постигна вториот гол на натпреварот во 65. минута со што ја потврди четвртата победа во Лига 1.
По 13 одиграни кола, Марсеј е на деветтата позиција со 17 бодови, додека Рен е на 12. место со 15 бода.