Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Маркет казнет со 7.000 евра за продажба на леб поскап од дозволеното
Економија

Маркет казнет со 7.000 евра за продажба на леб поскап од дозволеното

17/03/2023

AA

Државниот пазарен инспекторат казнил трговски објект со 7.000 евра затоа што не ја почитувал мерката за замрзнување на лебот на 33 денари, објави директорот Горан Трајковски.

Според висината на казната, најверојатно се работи за поголем маркет, а казнет е и раководителот со 350 евра.

„Извршени се над 100 надзори и контроли, повеќето трговци ги почитуваат Одлуките, освен еден економски субјект, каде е утврдено дека е прекршена Одлуката за замрзнување на цената на лебот до 33 денари, за што е издаден прекршочен платен налог во вредност од 7000 евра за правното лице и 350 евра за одговорното лице.

Инспекторите и понатаму се на терен и вршат контроли по основ на Одлуките донесени од Владата“, информира Трајковски на Фејсбук.

Според првиот човек на ДПИ, од она што денеска го видел со свои очи, се почитува мерката за намалување на цените на тестенините и млечните производи и порача дека ќе се казнува без селективност.

„Од она што денес јас го видов на терен заедно со премиерот Димитар Ковачевски и министерот за економија Крешник Бектеши, како и информациите од моите колеги од пазарниот инспекторат, во целата земја се почитуваат мерките од Одлуките на Владата за намалување на цените на тестенините и млечните производи. Повикувам трговците да ги усогласат цените, затоа што ќе се казнува без селективност“, нагласува Трајковски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

„Живееме како заложници во сопствените домови“, велат жителите на Капиштец

06/06/2026
Македонија

Луѓето со попреченост бараат пристапни тротоари и патеки

06/06/2026
Македонија

Здравствената состојба бара да мирува, рече премиерот Мицкоски за градоначалникот

06/06/2026
Македонија

Љутков најавува инспектори за македонски јазик во секоја институција, почнува

06/06/2026
Македонија

Активирани агенти со лажен идентитет за инфилтрирање во македонски нарко-банди

06/06/2026
Македонија

Помалку седишта, но десеткратно побезбедна: Како ќе изгледа новата Универзална

06/06/2026
Македонија

Давкова: Може ли една претстава да нè освести до болка

06/06/2026
Македонија

Ќе се довршува споменикот на Мајка Тереза на плоштадот Македонија

06/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43632
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

„Живееме како заложници во сопствените домови“, велат жителите на Капиштец жалејќи се од музиката која

06/06/2026

Жителите на скопската населба Капиштец тврдат дека веќе две децении живеат под постојан стрес и нарушен мир поради работењето на

Луѓето со попреченост бараат пристапни тротоари и патеки

06/06/2026

На денешниот „Марш на исклучените“, организацијата „Икуалити“ собра луѓе со попреченост, родители со колички, велосипедисти, деца и граѓани од сите

Здравствената состојба бара да мирува, рече премиерот Мицкоски за градоначалникот на Карпош Лукровски

06/06/2026

Премиерот одговараше на новинарски прашања поврзани со континуираното отсуство и боледувањето на градоначалникот на општина Карпош, Сотир Лукровски. Иако лекарската

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy