Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Маричиќ: Прашањето на кривичен прогон и спроведување на правдата е за обвинителството и за судовите
Македонија

Маричиќ: Прашањето на кривичен прогон и спроведување на правдата е за обвинителството и за судовите

30/10/2023

AA

Прашањето на кривичен прогон и спроведување на правдата е прашање за обвинителството и за судовите, истакна вечерва вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ во однос на процесот на реформи и застарувањето на судските предмети со измените на Кривичниот законик.

Во гостување на ТВ Телма, Маричиќ посочи дека земјава, како ниту една држава во регионот, имала и има случаи на висока корупција коишто добиле своја институционална завршница.

-Каде во регионот има двајца министри за внатрешни работи коишто издржуваат казна затвор? Една од нив го заврши издржувањето на казна. Каде имате толку голем број на министри, градоначалници и поранешен премиер, поранешни генерални секретари на Влада, еве да ги опфатиме од сите политички партии, коишто се соочиле со лицето на правдата, праша Маричиќ.

Според него, покажан е капацитет и затоа, како што истакна, не треба самите да се осудиме, особено со оглед на тоа што многу случаи завршиле и со затворски казни.

На прашање за уставните измени и дали има владиниот состав решение за нивно изгласување вицепремиерот Маричиќ одговори дека нивната заложба е да можат што побрзо да ги изгласаат уставните амандмани за да се растоварат изборите коишто следат од тоа прашање.

-Ние знаеме што ќе се случи ако нема уставни измени, тоа ни е познато. Тоа значи дека граѓаните ќе мора да одлучат помеѓу својата иднина во европските интеграции и завршување на преговорите за некои четири-пет години или во агонија од 15 години којашто во меѓувреме ќе ја зајакне позицијата на Бугарија, ќе даде аргументи на бугарската страна и ние ќе бидеме перцепирани како оние коишто го прават проблемот. Тоа сме го поминале веќе со Грција, и после 10-15 години, под многу полоши услови ќе треба да го направиме истиот компромис, а во меѓувреме ќе порасне национализмот, сиромаштијата, изолацијата итн, истакна Маричиќ.

Потенцираше дека тие се двата концепти коишто ќе се прелеат и на изборите за одлука доколку не се направат измените пред тоа.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

📽️ 📷 СНАЈПЕР, ПУШКИ И ЗНАМЕ НА ИСИС НАЈДЕНИ КАЈ

29/09/2026
Македонија

КЛЕКОВСКИ СЕКОЈ ДЕН МЕРИ ПРИТИСОК И ТЕЖИНА, ЗОШТО НЕ И

29/09/2026
Македонија

МИЦКОСКИ САКА НАТО ИЛИ ЕУ ДА БИДАТ ДЕЛ ОД ПРЕГОВОРИТЕ

29/09/2026
Македонија

СТРУЈА ВО „НОВА МАКЕДОНИЈА“ ЌЕ НЕМА УШТЕ 5-6 ДЕНА Цевката

29/09/2026
Македонија

ПО 15 ГОДИНИ БИТОЛСКА „НИСКОГРАДБА“ ДОБИ НОВА МЕХАНИЗАЦИЈА На подарок

29/09/2026
Македонија

СЕ ОТВОРА СТУДЕНТСКИОТ ДОМ „СТИВ НАУМОВ“ Наскоро ќе се отвори

29/09/2026
Македонија

7 ПОЛЈАЦИ СО ЧЕТИРИЦИКЛИ УПАДНАЛЕ ВО ВОЕНИ МАГАЦИНИ ВО ТЕТОВО

29/09/2026
Македонија

ЌЕ ТРАЕ ПРОЦЕСОТ НА ПОДОБРУВАЊЕ НА НАШИТЕ ПОЗИЦИИ ПРЕД ЕУ,

29/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45870
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

📽️ 📷 СНАЈПЕР, ПУШКИ И ЗНАМЕ НА ИСИС НАЈДЕНИ КАЈ ГРУПА ВО СКОПЈЕ Акцијата на

29/09/2026

Автоматски и снајперски пушки, пиштоли, муниција, тактички елек, радиоврски и знаме на ИСИС биле пронајдени во акцијата во која полицијата

КЛЕКОВСКИ СЕКОЈ ДЕН МЕРИ ПРИТИСОК И ТЕЖИНА, ЗОШТО НЕ И НИЕ? Министерот советува терапијата да

29/09/2026

Од болести на кардиоваскуларниот систем во Македонија минатата година починале 6.888 лица, со стапка на смртност од 378,4 на 1.000

МИЦКОСКИ САКА НАТО ИЛИ ЕУ ДА БИДАТ ДЕЛ ОД ПРЕГОВОРИТЕ СО БУГАРИЈА Аргументите мора да

29/09/2026

Со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, која в петок доаѓа во Скопје како дел од нејзината турнеја

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy