Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Маричиќ од Тирана: Поставувањето на приоритетите за спроведување на Планот за раст е гаранција за успешна забрзана интергација во ЕУ
Македонија

Маричиќ од Тирана: Поставувањето на приоритетите за спроведување на Планот за раст е гаранција за успешна забрзана интергација во ЕУ

28/02/2024

AA

Првиот заменик претседател на Владата за европски прашања Бојан Маричиќ денес учествува на состанокот на вицепремиери и министри за европски прашања на Западен Балкан во Тирана, Албанија, каде што е во тек Лидерскиот самит за проширување на ЕУ.

Состанокот се одвива во повеќе сесии кои ќе бидат посветени на различни теми поврзани со Планот за раст на Западен Балкан. За добредојде средбата ја отвори Мајлинда Дука, државна министерка и главен преговарач со ЕУ

Првата сесија Патоказ за Новиот План за раст за Западен Балкан, беше предводена од  Герт Јан Копман, Генерален директор на Генерален директорат за соседство и преговори за проширување на ЕУ, понатаму сесијата со наслов Напред кон раст и приклучување  во ЕУ каде што свое обраќање ќе има Вицепремиерот Маричиќ и последната сесија за информирање и реализација на Планот за раст предводена од Валентина Суперти, Директорка задолжена за Западен Балкан, во Генералниот Директорат за соседство и преговори за проширување

На состанокот стратешки се планираат следните чекори за спроведување, планирање и остварување на Планот за раст за Западен Балкан. Главна цел на состанокот е да се определат стратегиите на Европската Комисија и земјите кандидати за членство во ЕУ, да се усогласат мерките со цел успешна реализација на Планот за раст за забрзано интегрирање, да се определат предностите и приоритетите и следните акции за успешна реализација на полноправното членство во ЕУ на Северна Македонија и другите земји кандидати од регионот.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СОНЦЕ, СЕВЕРЕН ВЕТЕР И СТУДЕНИ УТРА Живата во термометрите до

30/09/2026
Македонија

СОНЦЕ, СЕВЕРЕН ВЕТЕР И СТУДЕНИ УТРИНА Живата во термометрите до

30/09/2026
Македонија

150 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ЕУ ЗА ЖЕЛЕЗНИЦАТА КОН БУГАРИЈА Николоски

30/09/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА ПРЕДНИЧИ ВО ЕВРОПСКИТЕ РЕФОРМИ Левков вели дека актуелниот парламентарен

30/09/2026
Македонија

ВОДОВОДНАТА МРЕЖА ВО БИТОЛА ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА Се реконструира

30/09/2026
Македонија

ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА НИЗ ДРЖАВАТА Се сузбива трговија со дрога,

30/09/2026
Македонија

СУДИИТЕ ЗИМБОВСКА И ГЕРАСИМОВСКИ ВО ТРКА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА АПЕЛАЦИЈА

30/09/2026
Македонија

СДСМ ГИ САБОТИРА ИЗМЕНИТЕ НА ИЗБОРНОТО ЗАКОНОДАВСТВО Милошоски ја повикува

30/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45903
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СОНЦЕ, СЕВЕРЕН ВЕТЕР И СТУДЕНИ УТРА Живата во термометрите до 26 степени во Гевгелија

30/09/2026

Утринските часови ќе бидат ведри и постудени, а во текот на денот времето ќе биде сончево. Ќе дува слаб до

СОНЦЕ, СЕВЕРЕН ВЕТЕР И СТУДЕНИ УТРИНА Живата во термометрите до 26 степени во Гевгелија

30/09/2026

Утринските часови ќе бидат ведри и постудени, а во текот на денот времето ќе биде сончево. Ќе дува слаб до

150 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ЕУ ЗА ЖЕЛЕЗНИЦАТА КОН БУГАРИЈА Николоски во Брисел за големите инфраструктурни

30/09/2026

Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, е во дводневна работна посета на Брисел, каде што учествува на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy