Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Маричиќ: Очекуваме одобрување на нови проекти во енергетиката со вкупна вредност од 61,9 милиони евра
Македонија

Маричиќ: Очекуваме одобрување на нови проекти во енергетиката со вкупна вредност од 61,9 милиони евра

05/03/2023

AA

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ по повод Денот на енергетска ефикасност, 5-ти март на својот Фејсбук профил објави дека Секретаријатот за европски прашања на последниот повик во рамки на Инвестициската рамка за Западен Балкан аплицирал два проекти од областа на енергетиката.

Како што информираат од СЕП, станува збор за инвестиции за енергетска ефикасност во објекти во сопственост на Владата на Република Северна Македонија. Грантот е во износ од 2.5 милиони за интервенирање и зголемување на енергетска ефикасност на 18 здравствени објекти, а вкупна инвестиција е 27,5 милиони евра.

Вториот проект, како што најавува вицепремиерот Маричиќ е со цел зајакнување на мрежата за дистрибуција на струја во југоисточниот дел на државата. Грантот од околу 8 милиони евра ќе овозможи приклучок на мрежата за струја произведена од обновливи извори на енергија од хидроцентрали, соларни централи, ветерници и со тоа се зголеми независноста на земјата за производство на сопствена струја. Вкупната инвестиција е 34,4 милиони евра.

– Покрај директната финансиска помош од ЕУ во износ од 80 милиони евра, Северна Македонија од Унијата добива и постојана поддршка во изградбата капацитети за искористување на обновливите извори енергија. Таков е примерот со најновата поддршка која ја добивме во февруари оваа година за реновирање на шест хидроелектрани низ државата и за нови ветерници кај Богданци, вели вицепремиерот Маричиќ.

Вицепремиерот вели дека Владата предводена од СДСМ инвестира во сигурна енергетска иднина, но дека потребна е и енергетска одговорност од секој од нас за енергетска ефикасност, наведувајќи ги македонските ветрови, водите, сонцето и граѓаните како основа за тоа.

– Сите домаќинства, сите институции, сите компании, сите ние можеме да ги обезбедиме условите за добар живот и за сè што е потребно за деловен развој и со доста помала потрошувачка на енергија. Енергетската ефикасност штеди енергија, но суштината е подлабока бидејќи крајниот исход е заштитена животна средина, заштедени финансии и свесни и одговорни генерации, порача Маричиќ за Денот на енергетска ефикасност, 5 март.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

УАПСЕН БУГАРСКИ ДРЖАВЈАНИН НА ГП „БОГОРОДИЦА“ Имал фалсификувани документи

03/10/2026
Македонија

БУГАРИЈА ЌЕ ДОБИЕ КОСКИ АМА НЕ ЗНАЕ ДАЛИ СЕ ОД

03/10/2026
Македонија

СТУДЕНО УТРО, А ПОТОА ВИСОКИ 27 СТЕПЕНИ Голема температурна разлика

02/10/2026
Македонија

НОВА ИНВЕСТИЦИЈА НА ПОПОВА ШАПКА Нема повеќе долги чекања за

02/10/2026
Македонија

СИЉАНОВСКА ДАВКОВА СО ЈАСНА ПОРАКА ДО ФОН ДЕР ЛАЈЕН Македонија

02/10/2026
Македонија

ДРУГАРЧЕ НА ЗАЕВ ЈА ДЕЛЕШЕ ИНДИЈА, ПА СЕГА И НАС

02/10/2026
Македонија

37 ЛОКАЦИИ ПРЕТРЕСЕНИ, 21 ОСОМНИЧЕН, НАЈДЕН СЕФ СО НАД 50.000

02/10/2026
Македонија

МУЦУНСКИ ПОБАРА СРЕДБА СО БУГАРСКАТА МИНИСТЕРКА Разговорите би се одржале

02/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45951
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

УАПСЕН БУГАРСКИ ДРЖАВЈАНИН НА ГП „БОГОРОДИЦА“ Имал фалсификувани документи

03/10/2026

Бугарски државјанин е уапсен на граничниот премин „Богородица“ поради сомнение дека сторил кривично дело „фалсификување исправа“, соопшти Министерството за внатрешни

БУГАРИЈА ЌЕ ДОБИЕ КОСКИ АМА НЕ ЗНАЕ ДАЛИ СЕ ОД САМОИЛ Не е направена ДНК-анализа

03/10/2026

Бугарија не направи ДНК-анализа на посмртните останки што ќе бидат донесени во Бугарија за да се потврди дали му припаѓаат

СТУДЕНО УТРО, А ПОТОА ВИСОКИ 27 СТЕПЕНИ Голема температурна разлика низ Македонија

02/10/2026

Метеоролозите најавуваат ведро и студено утро, а во текот на денот сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy