Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Маричиќ очекува наредниве недели иницијативата за уставни измени да се најде во Собранието
Македонија

Маричиќ очекува наредниве недели иницијативата за уставни измени да се најде во Собранието

14/06/2023

AA

Очекуваме во наредните неколку недели иницијативата за уставни измени да се најде во Собранието пред пратениците и да почне процедурата и дискусијата таму. Сметаме дека е тоа коректно и важно за секој пратеник да има можност да се изјасни, изјави вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ.

Зборувајќи за процесот на уставни измени, Маричиќ вечерва во емисијата Топ тема, рече дека ќе се обидат и понатаму да допрат до опозицијата со разум и да разговараме аргументирано.

– Сигурен сум дека доколку земеме доволно време и го имаме вистинскиот пристап кон секој пратеник да му се објасни и важноста и одговорноста, и последиците од прифаќањето или не прифаќањето на овој предлог, на оваа иницијатива, мислам дека ќе дојдеме до две третини, изјави Маричиќ.

Прашан што доколку не се дојде до двотретинско мнозинство, Маричиќ изрази убедување дека тоа ќе се постигне, а доколку не се дојде, тоа значи, како што рече, дека сами сме си поставиле блокада и сме сопреле на патот.

– Тие што ќе гласаат против, и тие што ќе решат да си наметнат ново вето, овој пат самите на себе, тие ќе треба да дадат одговор на граѓаните зошто треба да чекаме уште десет години. А, во меѓувреме Албанија, Србија, Црна Гора, Украина и Молдавија да одат напред и да станат членки на ЕУ, изјави Маричиќ.

За тоа дали во случај на неуспешно гласање по иницијативата, ќе значи и избори на есен, Маричиќ рече дека „нема да има гласање, додека не биде успешно“.

– Тоа е мојот впечаток, дека првото гласање ќе биде успешно, кога и да биде, изјави Маричиќ.

Маричиќ, уште еднаш посочи дека добор е доколку ВМРО-ДПМНЕ се одлучи да учествува и разговараат под кои услови или со заедничка согласност да се пушти иницијативата до Собранието.

– Но, за тоа треба да седнеме да разговараме. Затоа е важно и секојдневно упатуваме повик да седнеме на разговор, на кое ниво сакаат, за да дојдеме до точниот календар како понатаму, изјави Маричиќ.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

38-годишен маж пронајден починат во својот дом во Штип

08/08/2026
Македонија

Зголемен бројот на лица со стомачни вируси и дехидратација, Македонија

08/08/2026
Македонија

Слета владиниот авион со повредениот турист од Бодрум

08/08/2026
Македонија

Полицијата уапси возач од Арачиново кој избегал без да помогне

08/08/2026
Македонија

Во Албанија се запали комбе со македонски регистарски таблички што

08/08/2026
Македонија

Се обновува патот од Првата светска војна на Пелистер, ќе

08/08/2026
Македонија

До кога ќе ги малтретирате граѓаните со километарски колони? ЛДП

08/08/2026
Македонија

25 години од Карпалак, најбројниот масакар во воениот конфликт во 2001г.

08/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44917
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

38-годишен маж пронајден починат во својот дом во Штип

08/08/2026

Трагичен настан бил пријавен во Штип во раните утрински часови на 7 август. Според информациите од полицијата, во 02:45 часот

Зголемен бројот на лица со стомачни вируси и дехидратација, Македонија под топлотен бран

08/08/2026

Високите амбиентни температури донесоа значително зголемен прилив на пациенти на Детското одделение во Општата болница во Куманово, каде што дневно

Слета владиниот авион со повредениот турист од Бодрум

08/08/2026

Од Бодрум со владиното авионче попладнево на скопскиот аеродром беше префрлен патникот кој се здобил со побреди во Турција, потврдиваат

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy